Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Грешки кои сите ги правиме на ново работно место

Секој почеток е тежок. Кога само што започнувате да работите во нова компанија, логично е да направите неколку грешки.

Новата работа може да биде многу стресна затоа што сте во ново опкружување и се прашувате дали ќе се согласувате со вашите нови колеги, како изгледа кодексот на облекување, дали треба да носите чај или кафе од дома… Факт е дека секој од нас сака да остави добар прв впечаток на работното место, што само дополнително го засилува чувството на стрес и нè наведува да правиме грешки, кои понекогаш не се толку безопасни.

Па, како се балансирате помеѓу сопствената личност и вашата професионална личност? Што ви е дозволено и што не смеете да правите во текот на првиот работен ден на вашето ново работно место? Еве што професионалците ни кажуваат кога станува збор за грешки при ново работно место:

Не поставувате прашања

Кога станува збор за грешки во нова работа, едно мора да избегнете – не смеете да се двоумите да поставувате прашања. Ако само климате со главата потврдно додека вашиот претпоставен ви кажува нешто, без да разберете ниту еден збор, нема да поминете добро. Многу луѓе поставувањето прашања го поврзуваат со неискуство и немаат доволно самодоверба за да го сторат тоа, мислејќи дека ќе постапат несериозно. Сепак, ситуацијата е сосема спротивна. Важно е да се постават вистинските прашања, во вистинско време и на вистинската личност.

Доаѓате на нова работа, како сосема неопределена личност

Кога ќе започнете да работите во нова компанија, мора да се претставите на одреден начин, односно да изградите свој бренд. Ситуацијата во која се продавате понекогаш може да биде малку непријатна, но многу е важно да бидете импресивни и специфични. Ако дојдете како табула раса, на луѓето што веќе работат во таа компанија ќе им биде нејасно како можете да им помогнете и каква ќе биде вашата улога.

Прерано критикувате

Грешките при ново работно место се доста чести, но има една точка што треба да се одложи за некој подоцнежен период. Можеби сте несигурни кога станува збор за вашите колеги, не ви се допаѓа новиот шеф или не можете да најдете добро место за ручек кое не е премногу далеку – без оглед на вашиот оригинален проблем, не треба веднаш да ја проценувате ситуацијата. Поточно, никогаш не треба да критикувате никого или што било на ново работно место, кога сте само почетник.

Претставување- или не претставување

Значи, пристигнавте во вашиот нов работен простор, вие сте нервозни и / или возбудени и полни со енергија, но во исто време сте решени / неодлучни дали да им пристапите на новите колеги, да се сретнете и да започнете ново пријателство. Ако сте срамежливи, веројатно се прашувате дали треба да го направите тој прв чекор. Дајте си време да направите пауза во текот на првиот ден и обидете се да го одложите познанството се додека не дојде сосема природно и без притисок.

Мислите дека треба да останете прекувремено

Дали ви е непријатно да ја напуштите работата на време кога сте нови? Ако климате со главата, знајте дека не сте единствените. Многу луѓе се навистина неодлучни кога ќе дојде време да ја напуштат канцеларијата бидејќи не се сигурни што ќе размисли нивниот нов шеф за тоа. Сепак, многу експерти велат дека секогаш треба да ја напуштите канцеларијата на време, без разлика дали тоа е вашата прва или последна недела во некоја компанија.

Станувате опуштени премногу брзо

Па, оваа ситуација може да биде малку непријатна – како наоѓате рамнотежа помеѓу чистиот професионализам и релаксацијата? Дали треба да кажувате шеги кога само што се вработивте во компанија или треба да ги зачувате за некои подоцнежни денови? Според експертите, треба да го направите она што ви се чини најприродно. Важно е да го покажете вашето вистинско лице во компанијата во која работите, секако грижејќи се за луѓето околу вас. Треба да ја имате предвид вашата улога во новата работа и да комуницирате соодветно.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Стигнаа постудени денови, а со нив и сезонски сет на естетски проблеми – испукани усни. Покрај тоа што нѐ вознемирува појавата на суви усни,...

Fool Moon

Марката Dior Joaillerie е подготвена да ја направи сезоната на празници магична Познатиот бренд за накит штотуку ја претстави својата кампања за Божиќ 2020...

Fool Moon

Кога некој ќе ви го скрши срцето, тоа всушност може да биде движечката сила зад вашата еволуција во подобра верзија на себеси. Не мора...

Fool Moon

Дали мирисите што ги избираме можат да откријат каква личност сме? Изгледа дека можат. Откријте дали сте број еден во кое било весело друштво...

Advertisement