Суперхероите можат да постигнат големи подвизи, вклучувајќи и милиони долари, а за тоа сведочи и продажбата на уникатната страница од стрипот Спајдермен, која неодамна ги смени сопствениците за неверојатни 3,36 милиони долари.
Оригиналното уметничко дело е дел од познатиот стрип од 1984 година, во кој за прв пат е прикажан славниот суперхерој во црн костум. Продажбата ја прави „највредната страница на оригиналниот стрип во светот“, според аукциската куќа Heritage Auctions.
„Оваа страница беше одлично откритие! Ова е местото каде Питер Паркер всушност го доби својот нов црн костим. Но… тоа е костим со тајна! Тоа е извор на ликот на Веном!”, се вели во описот на The Heritage Auctions.
Додека рекордната понуда започна од 330.000 долари, таа набрзо премина 3 милиони долари на првиот ден од четиридневниот настан организиран од Heritage Auctions во Далас. Друга страница од истиот стрип исто така е продадена за 288.000 долари. Двете страници доаѓаат од стрипот на Марвел „Тајна војна бр. осум“, во кои саканите икони се борат со класичните негативци на планетата наречена Battleworld.