Тековната застрашувачка пандемија ја преврте наопаку индустријата за мебел…
Во таа сфера, многу работи се променија, а креациите на бројни дизајнери станаа поориентирани кон сите нас кои работиме од дома. Модуларниот тросед Souffle од брендот Foolscap Studio е префинет пример за ова тврдење, а неговиот дизајн веднаш ќе ве поврзе со удобност.
Souffle софата ви помага да создадете флексибилен ентериер, кој може да се менува според вашите потреби во текот на работниот ден. Модуларниот систем се состои од индивидуални модули, кои можат да се одделат и да се користат во неограничен број на конфигурации.
Кога работниот ден ќе заврши, софата лесно се трансформира во удобен кревет со едноставно прилагодување на модулот, давајќи ви можност навистина да уживате во секој агол од вашиот дом, без разлика каква функција сте му дале.
Souffle помага да се создаде единствена домашна канцеларија, чии главни карактеристики се удобност и одмор. Со својата структура од пена, мебел од букел и модуларни можности, тој е погоден за разни апликации – можете да го користите во лобито, простор за пауза од работа или во комерцијални згради, што сакате да ги импресионирате сите ваши потенцијални клиенти.
Конечно, мора да нагласиме дека софата Souffle е направена по нарачка, а сите детали во врска со нејзината цена можете да ги дознаете директно контактирајќи го студиото.