Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Jane Fonda, Donatella Versace, Isabel Marant: Што е нешто што би се советувале себеси на 20 години?

Mandatory Credit: Photo by Magnus Sundholm/Shutterstock (10573644b) Gillian Anderson 'The Crown' TV show photocall, One Aldwych Hotel, London, UK - 02 Mar 2020

Анкетата, во која учествуваа неколку славни жени од различни индустрии, но исто така и од различни години и животно потекло, открива интимен увид во животот на овие славни жени, но исто така нѐ учи и некои важни лекции, кои некои од нас веќе ги совладале, а некои дури сега треба да го сторат тоа.

Што е заедничко за актерките, дизајнерите и авторите кои се најдоа во ова мало, но важно истражување?

Иако денес се многу успешни, секоја од нив била многу несигурна во своите 20-ти.

Џејн Фонда, актерка и активистка

„Си велев дека „Не“ е реченица. На 20 години немав граници, ниту знаев како да ги поставам. Очајно сакав да им се допаѓам на сите и што и да посака некој, се прилагодив на тоа. Навистина мислев дека мојата улога е да задоволам. Имав скоро 60 години кога го научив значењето на зборот „Не“. Се чинеше како да сум била во брод што немал весла со години, децении и само што сум дозволила струјата да ме води. Малку по малку, низ животот, преку терапијата и пријателите кои ме избраа мене, како што ги избрав јас нив, ја научив важноста да ги поседувам тие весла“.

Изабел Марант, дизајнерка

“Кога имав 20 години се чувствував несигурно, не се сакав доволно. Ми недостасуваше самодоверба, и кога ќе размислам од оваа перспектива, тоа е сосема нормално. Носев многу шминка во обид да изгледам постара, како и на некој начин да се сокријам себеси. Мислам дека 20-тите години се оние каде што можете да си играте со вашиот стил и целокупниот изглед. И тоа е нешто што треба да го направите за да се пронајдете и да ја изградите вашата самодоверба.

Маргарет Атвуд, автор

“20-тите не беа најдобри години за никого. Дали тогаш постигнавте нешто, сретнавте некој важен, најдовте добра работа? За еден писател има дополнителна вознемиреност, особено за време на 1960-тите во Канада. Само неколку писатели успеаја во младоста да живеат од нивната креативност и секој знае дека писателките се по малку луди и осудени да остарат сами. Мој совет е: времињата се менуваат, а исто така и ставовите. Можете да помогнете овие промени да се случат побрзо. Нема да биде лесно. Ќе има подеми и падови и отскокнува. За време на убавите моменти, немојте да бидете полни со себе, секогаш е опасно. И да, направете нешто за стилот. Размислувајте розово, секогаш спакувајте црни парчиња и додајте шамија богата со боја. Само тоа ви треба.”

Џилијан Андерсон, актерка

“Не грижете се за тоа што мисли некој друг за вас. Вашето мислење е единственото нешто што е важно. Да се одгледува верба во себе е радикално и витално и суштинско за вашата благосостојба, до последниот здив”.

Донатела Версаче, дизајнерка

“Кога имате 20 години, животот е полн со можности – дури и ако тие се оние што никогаш не ви поминале низ умот. Би си кажала на себеси дека ќе имам неверојатен живот, полн со љубов, но и болка. Дека ќе споделам сè со моите прекрасни деца и со семејство кое ќе ме обожава и на тој начин ќе ги пополнам празнините што ги оставија некои други луѓе кои го напуштија мојот живот. Исто така, би си рекла дека гледањето наназад не води никаде и дека доброто допрва доаѓа. Дека ќе бидам борец и дека ќе преживеам многу и секогаш ќе се борам да го направам овој свет подобро место, место каде што секој ќе може да биде она што го сака без страв од осуда“.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

ЗА ОВЕН, ТОА СЕ БИКОВИТЕ Овен и Бик се одлични пријатели, но кога станува збор за романтични врски, овие два лика не можат да...

Wall Street

Дали некогаш сте го почувствувале тој нагон во себе да станете истражувач на новиот свет? Некој што храбро шета низ пустина, џунгла и кој...

Fool Moon

Иако поминаа 22 години од снимањето на првата епизода, привлечноста на „Сексот и градот“ воопшто не попуштила. Новите генерации ги откриваат „старите / новите“...

Fool Moon

Сигурни сме дека досега неколку пати сте имале можност да слушнете за контроверзниот дизајнер, Филип Плaјн. Неговиот најнов потег – употребата на златни хеликоптери...