Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Chanel колекција на накит инспирирана од Венеција

Директорката на одделот за накит на брендот Chanel, Патрисија Легеро, ја посети Венеција со блок за скицирање, исполнет со прекрасни цртежи, волшебни бои и неверојатни дизајни, инспирирани од секојдневниот живот на овој град…

Токму на тој начин светот ја доби новата колекција накит Escale и Venise со дури седумдесет парчиња накит. Поделена на четири теми – Serenissime, Gran Canale, Isole della Laguna и Spirito di Venezia, оваа линија совршено ги претставува прекрасните канали, лагуните и будниот поглед на венецијанскиот лав. Преку блескави скулпторски креации и неверојатно скапоцени камења, од лапис лазули до сафири и дијаманти, дизајнерите на Chanel претставија неверојатна колекција која е ода на патувањата на госпоѓицата Габриела Шанел во Венеција.

Лавот, како симбол, сигурно не е странец во колекциите на познатиот бренд, затоа што веќе неколку пати се појавувал во нивните креации. Со оваа колекција, лавот повторно го зазема својот престол во сетот Lion Emblematique, во форма на талисмани, жолти сафири опкружени со злато и платина, украсени со дијаманти.

Ѓерданот Eblouissante е инспириран од венецијанската архитектура и деликатно комбинира геометриски дизајн на розов шпинел, бели дијаманти и бисери. Темносиниот ѓердан од лапис лазули од сетот Constellation Astrale е навистина зачудувачки, додека го доби совршениот контраст во форма на сетот Volute Venitienne, кој е едно од можеби најбуквалните интерпретации на градот, со бели и сини детали.

La Serenissime комплетот содржи прекрасни мозаици, палати и цркви. Гламурозниот прстен Volute Crosiere е омаж на водата со прекрасен централен сафир опкружен со жолто злато, оникс и дијаманти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Не мора да чекате лето за да носите плетени торби. Плетени чанти видовме во колекциите на многу брендови за сезоната пролет/лето. На пример, Dolce...

Fool Moon

Вивиен Вествуд наполни 80 години – а легендарната дизајнерка реши да го прослави роденденот на поинаков начин. Во чест на нејзиниот роденден, таа ќе...

Four Seasons

Ако не сте месојад, веруваме дека оваа листа ќе ви помогне. Но, дури и да сте месојад, не е важно, можеби овие градови ќе...

Green Tea

Целерот е познат како природен антисептик Секој природен лек е добредојден за време на пандемија, а истото важи и за сокот направен од целер,...

Advertisement