Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Aviatore Veloce – Апарат за љубители на совршена шолја утринско кафе

Многумина од нас не можат да се разбудат наутро и да го започнат денот, ако не помириснат и вкусат совршено подготвена шолја кафе…

Како еликсир на животот, нѝ внесува сила, ги полни нашите батерии и го ресетира целиот наш организам, подготвувајќи нè за сè што ќе донесе еден ден. Слободно можеме да кажеме дека во согласност со изреката „Колку луѓе, толку чуда“, има исто толку видови на кафе кои постојат во целиот свет. Некои го пијат со млеко, некои со шеќер, додека некои уживаат во неговиот чист вкус, но едно е сигурно, секој сака да го пие со задоволство и да го подготви што е можно полесно.

Тука стапуваат на сцена машините за кафе, кои доаѓаат во различни формати, форми и димензии, додека многу од нив можат слободно да земат титула за декорација, бидејќи нашите кујни се украсени со нивните елегантни линии и материјали од кои се конструирани.

Super Veloce ја нарекува својата машина за кафе Aviatore Veloce „систем за висок притисок за правење чај или кафе“. Неговото тело е копија на вистински авионски мотор, кој содржи сè што е потребно за да се подготви совршена шолја чај или кафе. Има трилитарски резервоар за вода од титаниум, до кој може да се стигне со отворање на обвивката на нејзината турбина.

Додека се во функција, сечилата на турбината се движат да создадат уште повпечатлив ефект, иако тоа го прават со стабилни и безбедни мотори 38RPM. Со само 100 единици на располагање ширум светот, ако сакате оваа машина за кафе да биде дел од вашиот дом, мора да бидете брзи!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Ниту едно чувство не е толку моќно и евокативно како мирисот… Мирисот на око може да предизвика спомени од минатото, да ве потсети на...

Cotton Club

74-тото доделување на филмската награда BAFTA (British Academy Film Awards) се одржа на 10 и 11 април во Лондон. Поради пандемијата коронавирус, церемонијата се...

Green Tea

Потекнува од древна Кина! Комбуха е пијалок кој настанал пред 2.000 години во Кина, каде се сметал за еликсир на бесмртност и живот. Овој...

Fool Moon

Дали вашата сродна душа сонува за вас – ова се знаците на кои треба да обрнете внимание! Дали сте се сретнале со сродната душа...

Advertisement