Иако знаеме за која бројка станува збор, овој пентхаус има неколку предмети што го прават непроценлив!
Сместен во горниот дел од зградата на River Lofts во населбата Трибека во Њујорк, станот има четири спални соби, од кои едната е главната спална соба, додека другите се соби за гости. Четири купатила и еден тоалет, тераса со градина што опкружува дури три страни на станот и непроценлив поглед.
Тука е и работната канцеларија, огромна дневна соба, кујна и трпезарија, потоа просторија која е наменета само за гледање телевизија – таканаречена медиумска соба и секако просторија резервирана исклучиво за чување облека и обувки или плакар/гардеробер.
Ова вистинско мини кралство, се простира на површина од дури 372 квадратни метри.
Актерката и нејзиниот сопруг живееле во овој стан со прекрасен поглед на реката Хадсон, цели 14 години, но поради деловни ангажмани, двојката решила официјално да се пресели во Калифорнија пред неколку години.
Јас ги одржував зелените градини, за време на ведрите летни ноќи и топли денови. Седев во удобна софа пред огништето каде што крцкаше огнот, гледајќи како снегулките ја покриваат терасата. Овој стан беше прекрасен дом за мене и за моето семејство. Се надевам дека ќе направи некој друг среќен како нас “, изјави Мерил кога го огласила станот за продажба во 2018 година.
Сепак, и покрај сите погодности на оваа локација и самиот простор, како и фактот дека најголемата актерка на нашето време живеела тука повеќе од една деценија, парот не успеа да го продаде пентхаусот лоциран во долниот Менхетен.
Само кога цената падна од 24,6 милиони долари, бројката падна за цели 36 проценти или на 18,25 милиони, што се случи токму минатата година, станот е продаден – на анонимен купувач.
Она што не може да се наплати ни за милијарда долари е погледот кон големиот дел од реката Хадсон (не можеме ни да ги замислиме тие зајдисонца на оваа тераса полна со зеленило), потоа зградата на Empire State Building и Светскиот трговски центар.
На второ место е огромна количина природна светлина која, благодарение на големиот број прозорци, максимално ги достигнува сите простории во станот.
На трето место е дизајнот и ентериерот воопшто, комбинацијата на бело и кафеаво дрво му даде на домот посебна доза на минимализам и топлина истовремено.