Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

10 фотографии кои докажуваат дека со мали промени домот може да се претвори во топла есенска оаза

Можете да го трансформирате вашиот дом во пријатна есенска оаза користејќи атрактивни детали во традиционални бои оваа сезона. Сè е достапно од топли жолти нијанси, преку впечатлива портокалова до боја на расипани вишни и пригушени кафени тонови.

Наместо да купите нов тросед во дневната соба во една од споменатите бои, постојниот модел украсете го со украсна перница со нови навлаки за перници во нијанси на есенски лисја. Преку каучот можете да префрлите и ќебе во топла боја.

Реорганизирајте ги полиците за книги и истакнете ги оние со корици во есенски бои, а масата во дневната соба украсете ја со свеќа со мирис на зачинета тиква.

Во продавниците на располагање ви е многу ефикасен, но едноставен декор, со чија помош ќе блесне секој дом, како вазни, подлоги, украсни чинии и слично. Доколку сте вешти со четка и бои, веќе постоечките детали можете да ги преуредите од дома.

Нов чаршав, завеса или килим исто така драматично ќе го промени изгледот на вашиот стан или куќа. Само погрижете се да комбинирате неколку различни бои во една соба бидејќи монохроматските простори се крајно здодевни.

Во кујната може да разигра и нова подлога за сечење зеленчук сместена на видно место или нова шолја за кафе стратешки „оставена“ на видлива положба.

Секогаш можете да се свртите кон природата и да го украсите домот со есенски плодови. Направете јадливи аранжмани од мандарини и други есенски овошја, а трпезариската маса украсете ја со букет прекрасни есенски цвеќиња.

Најдете идеја за трансформирање на вашиот дом во топла есенска оаза во нашата фотогалерија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement