Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Ѕирнете во омилената вила на Леонардо ди Каприо

Зошто славните често купуваат домови на други познати личности? Дали е тоа љубов кон познатото педигре или за кои слични вкусови станува збор? Без оглед на причината, за нас не е важно во секој случај, бидејќи на тој начин добиваме увид во нивните лични животи, далеку од камерите и силните светла на црвениот тепих. Последната вила во низа што ни беше дадена можност да ја истражуваме е создадена во шпански колонијален стил која припраѓала на Џеси Тајлер Фергусон и неговиот партнер Џастин Микита.

Вилата е изградена во 1928 година и се наоѓа во Лос Фелис, дел од Лос Анџелес, а ја купи Леонардо ди Каприо по цена од 7,1 милиони долари. Инаку, ова е втора вила во Лос Фелис што ја купи Ди Каприо, откако првично купи вила од ерата на 1920-тите од Моби 2018, по цена од 4,9 милиони долари.

Прекрасниот дом има историја со познати сопственици, вклучувајќи ја и Гвен Стефани, која ја купи во 1998 година заедно со нејзиниот тогашен сопруг Гевин Росдејл. Џеси Тајлер Фергусон ја постави својата прашувачка цена во март годинава и таа изнесува 6.995 милиони долари, а тој првично ја купи за 4,6 милиони.

Величествениот имот ќе ве пречека со големи порти и долга патека, рачно издлабена дрвена врата и интересен влезен портал, на кој пишува Хомо сладок хомо. Домот во шпански стил има кралска атмосфера со импозантен ротонд во влезот, нагласен со оригинални теракотни подови, камени sидови и деликатно украсен таван. Донекаде нè потсетува на Кралското пристаниште од серијата „Игра на тронови“!

Слободно можеме да кажеме дека домот зрачи со топлина, но не само поради масивниот камин што се наоѓа во пространата дневна соба, но неговите ентериери се импресивно удобни. Покрај дневната соба, има и канцеларија нагласена со дрвени панели. Ваква трпезарија тешко може да се најде во нејзината оригинална состојба, бидејќи е украсена со рачно насликани тавани, импресивен лустер, азурни sидови и луксузен тепих.

Тиркизните sидови може да се видат и во двокатната библиотека, која е опремена со удобни места за седење. Најсветлиот дел од домот е дефинитивно кујната, која доби чисти бели sидови, апарати од нерѓосувачки челик Wolf и SubZero со врвен квалитет и сини ормари.

Ако готвењето или читањето не ви е омилено хоби, еве една семејна соба што може да се претвори во кино со екран што паѓа од таванот, проектор и автоматски завеси со едно притискање на копче.

Главната спална соба е украсена во модерен стил, користејќи неутрални детали и винтиџ стил. Надворешноста, пак, е нагласена со зелени sидови и насликани плочки, со што се издвојува изобилство на енергија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Нијанси инспирирани од птици. Dior Makeup се подготвува за претстојната есенска сезона со колекција наречена „Birds of a Feather“, која се состои од палети...

Wall Street

Многу Олимпијци, освојувачи на златни, сребрени или бронзени медали, претставуваат луѓе богати по дух, но и по пари … Како што знаете многу добро,...

Green Tea

Овесната каша е богата со диетални влакна кои го стимулираат варењето, го балансираат шеќерот во крвта и го зајакнуваат имунитетот, и се наметнува како...

Fool Moon

Стресот е толку сеприсутен во нашите животи што сме скоро навикнати на него – би било чудо ако не се нервираме кога ќе се...

Advertisement