Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Ѕирнете во неверојатната Darth Vader вила

Куќата од соништата за љубителите на „Војна на Sвездите“ сега се нуди на продажба во Тексас, но патот до темната страна не е евтин.

На многумина позната како „Darth Vader House“, оваа интересна вила е епска и доминантна, а доаѓа со мултимилионска цена која совршено го следи нејзиниот изглед. Изградена пред кратко време, во не толку далечна галаксија – во Хјустон, околу 1992 година, двоспратната вила има прекрасна, аголна силуета која нè потсетува на „The Executor“, бродот на Дарт Вејдер, како и на неговите ужасни TIE Fighter и Death Star..

Вилата се наоѓа на голем имот во престижната улица West University и нуди неверојатни 700 квадратни метри простор за живеење. Со современ стил низ целиот ентериер, се карактеризира со флуиден простор со отворен план и масивни прозорци што пропуштаат во идеална количина природна светлина.

Во срцето на овој дом е интересниот атриум, комплетиран со неонско осветлена ложа и двојно скалило. Покрај тоа, вилата нуди четири великодушно дизајнирани спални соби, пет полни бањи, канцеларија, трпезарија и кујна, со работни плочи создадени од природен камен.

Мебелот и уметничките детали на оваа вила внимателно следат линија што споделува елегантен, модерен и апстрактен стил – тука се обемни структури, комбинирани со цврсти дрвени маси и конзоли.

Надворешноста, во меѓувреме, располага со големи и совршено уредени тревни пасишта, кои можат да бидат украсени со мебел за седење или базен. Имотот исто така доаѓа со гаража со четири автомобили, каде што можете да ги паркирате вашите резервни Imperial „Star Destroyers“ или да ги чувате вашите светлосни сабји.

Како што се очекуваше, но беше потенцирано и на самиот почеток на текстот, оваа вила не е воопшто ефтина – нејзината цена е 4,3 милиони долари!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Класични кожени патики Tabi High, добија нова улога во оваа модна сезона…. Maison Margiela и Reebok соработуваат долго време и заедно го освојуваат светот,...

Green Tea

Здрав, летен и исклучително пријатен! Како што се приближуваме до плажата, подготовките брзo се спремаат. Што подразбираме под тоа? Балансирана исхрана, многу вода, вежбање,...

Fine Living

Љубителите на архитектурата знаат дека има многу убави домови во делот Џорџтаун во Вашингтон, но не сите можат да се поврзат со најпознатата прва...

Fool Moon

Придружете се на нов, пооптимистички летен начин на живот следејќи четири едноставни совети. Летните месеци се неразделно поврзани со патувања, бесконечна забава и неисцрпен...

Advertisement