Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

ХОЛИВУДСКИ АКТЕР ИЗНАЈМУВА ВИЛА ЗА 155.000 ЕВРА МЕСЕЧНО:ВЛОЖИЛ МИЛИОНИ ВО ОПРЕМУВАЊЕТО…

Не е невообичаено славните да инвестираат пари заработени од глума во други бизниси, со цел да ги зголемат приходите и да си обезбедат поголемо богатство. Познатите личности често создаваат свои брендови, козметички линии, модни линии или производи за слабеење, а од тие пари добро заработуваат.

Така некои ѕвезди вложиле цело богатство во своите дворци, а од глетката на повеќето луѓе им се врти во главата.

Актерот Хју Џекмен и неговата сопруга, актерката Дебора-Ли Фурнес, одлучија да ја изнајмат својата луксузна куќа во одморалиштето Ист Хемптон во државата Њујорк во текот на зимската сезона, пишува Њујорк пост.

Нивната летна резиденција има пет спални соби и бањи, посебна куќа за гости, теретана, театар, базен, џакузи, кујна и трпезарија. Цената за изнајмување на оваа луксузна куќа е 166.666 долари месечно (повеќе од 155.000 евра).

Парот ја купил куќата во 2015 година за 3,5 милиони долари (повеќе од 3,2 милиони евра).Тие го реконструирале овој комплекс шест години за да го изградат својот дом од соништата. Имотот се наоѓа веднаш до брегот на Атлантикот.

Во август минатата година, парот потроши 22,1 милиони долари (повеќе од 20 милиони евра) за гламурозен пентхаус во Њујорк, а се продава и нивната зграда со три независни резиденции во Вест Вилиџ, за која бараат 38,9 милиони долари ( повеќе од 35 милиони евра).

Иако тој и неговата сопруга очигледно се фрлија во бизнисот со недвижнини, тој не го запостави ниту бизнисот со глума. Тој ќе го игра Вулверин во третиот дел од Дедпул, чија премиера е закажана за 8 ноември 2024 година.

Да потсетиме, овој холивудски пар е заедно од 1996 година, иако на почетокот никој не им даваше многу шанси за опстанок. Дебора е 13 години постара од познатиот актер, но општеството не виде проблем само во тоа, туку и во тоа што оваа русокоса дама не е класичната холивудска убавица каква што ја гледаме.

Револтираните обожавателки отидоа дотаму што ја нарекоа „најгрдата среќна девојка на светот“, бидејќи успеа да го заведе и задржи еден од најпосакуваните мажи – згодниот, славен, богат, шармантен Хју.

Актерскиот пар долго време работеше на потомство, но по неколку неуспешни обиди да станат родители, конечно решија да посвојат две деца – синот Оскар (22) и ќерката Ава (16).

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Кајли Џенер блеска во новата кампања за очила на Dolce & Gabbana за пролет 2023 година. По стапките на нејзината сестра Ким Кардашијан, која...

Green Tea

Што се однесува до содржината на витамин Ц, кивито е далеку пред портокалот и ананасот. Покрај тоа, тој е богат со растителни влакна, кои...

Route 66

Раперот со најголема колекција на автомобили во светот има и вистинско уметничко дело во својата гаража. Снуп Дог минатата година наполни 30 години во...

Cotton Club

Не е тајна дека каде и да се појави, актерката и пејачка Џенифер Лопез секогаш е главна атракција. Познатата латино дива создаде сопствена линија...

Advertisement