Индустрискиот стил на внатрешно уредување во последниве години има сè повеќе обожаватели и сè поголем број на оние кои ќе се решат да си го декорираат просторот за живеење во овој интересен, урбан и трендовски стил. Добра инспирација за украсување на домот може да биде овој стан под покривот, што е совршена комбинација на индустриски, винтиџ и модерна целокупност.
Овој отворен простор плени на прв поглед, а една од првите работи што паѓаат во очи е импровизирана лежалка во дневната соба, во која ќе можете да уживате навечер по денот исполнет со обврски.
„Груби“ sидови од црвена тула и кожен тросед би изгледале прилично кул сами по себе, но со пастелни тиркизни детали како теписи, завеси и украсни перници, се создава совршен баланс на поладен индустриски и потопол стил на винтиџ.
Просторот е визуелно поголем со преградни sидови од стакло и железо, што го прават овој феноменален стан во Варшава, главниот град на Полска, уште попривлечен. Секој дел од станот е внимателно украсен, а нè воодушеви нас и мозаикот на Наполеон на ѕидот од туш кабината – каква брилијантна идеја.
Доколку сакате да си го декорирате сопствениот дом во индустриски стил, овој стан со душа секако може да биде одлична инспирација.