Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

„Специјалниот“ часовник и облека на принцезата Дијана од 382 илјади долари

Меган Маркл е критикувана за новите фотографии!

Ова е прва официјална фото-сесија на војводата по одрекувањето од кралските титули. Меган Маркл и принцот Хари учествуваа во снимањето на американското списание „Тајм“, кое еднаш годишно ги набројува 100-те највлијателни луѓе во светот.

Среќната двојка избра класични стајлинзи за фотосесијата. Принцот Хари носеше бела кошула и костум, додека Меган носеше лесна маица и црн блејзер. Но, стајлингот на војвотката не е толку едноставен како што изгледа на прв поглед: таа веќе доби голем број на критики поради фактот што нејзината облека чини повеќе од 382 илјади долари.

Нејзиниот зглоб е украсен со нараквица и часовник Cartier – вреден 23.000 американски долари. Покрај тоа, овој часовник е далеку од вообичаеното: некогаш и припаѓаше на мајката на принцот Хари, самата принцеза Дајана. Костумот, кој Меган Маркл веќе го носеше за својот прв кралски вечерен прием, припаѓа на брендот Alexander McQueen – а цената е 2.800 американски долари. Но, најскапа работа е секако нејзината бурма, која чини 350 илјади долари.

Меган и Хари сè повеќе учествуваат во социјални настани, разговарајќи за различни релевантни теми. Во новиот „TIME100 Talk“, Меган и Хари решија да ги споделат своите ставови за подобрување на дигиталниот свет и запирање на ширењето на омраза на социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Мали тајни кои ќе ви дадат совршени веѓи за неколку минути. Изразот „веѓите се рамката на лицето“ не е случаен. Правилно обликуваните веѓи можат...

Green Tea

Јапонско јаболко Покрај веселата боја која веднаш го крева расположението, ова јаболко содржи витамин ПП, кој е одговорен за производство на серотонин, се бори...

Fool Moon

Тибетскиот духовен водач Далај Лама е познат низ целиот свет по својата мудрост, а неговите совети инспирираат многу светски лидери. На почетокот на новиот...

Fool Moon

Кери Бредшо стана икона на многу начини и милиони жени ширум светот се идентификуваат со неа. Таа е „таа девојка од соседството“ која е...

Advertisement