Во случај да сакате да го разгалите вашето детенце (буквално), ова е за вас!
Откако ги претстави даските за сурфање, Рубиковата коцка со лого, опрема за скијање, кондоми и многу други предмети кои ни се допаѓаат, Сен Лоран се враќа на луксузните изданија. Овој пат познатиот бренд претстави автомобил – играчка за мали деца која се продава за 1.300 долари.
Дел од колекцијата „Riva Droite“, овој детски автомобил е далеку полуксузен од вообичаените играчки на пазарот. Пластичната каросерија е заменета со поцврста основа, додека воланот и деловите се изработени од одлични материјали. Играчката е направена во соработка со „Baghera Rider“ и во најмала рака е уметничко дело!
Доаѓа во шик розова нијанса со контрастно седло и волан со шема на зебра. Иако луксузниот „Baghera Rider“ можеби е погоден само за децата на славните и богатите, можете да го купите на веб-страницата на YSL, како и во продавниците во Париз и Лос Анџелес за 1.300 долари.