Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Славниот боксер ја продава својата прекрасна вила

Реј Чарлс Леонард, попознат како Шугар Реј Леонард, оценет како еден од најдобрите боксери на сите времиња, реши да се збогува со својата стара вила во Лос Анџелес вредна 46,5 милиони долари…

За жал, рингот за тренирање не е дел од овој имот, но имотот има сосема доволно погодности што дефинитивно ќе им се допаднат на потенцијалните купувачи. Како прво, идните сопственици ќе имаат на располагање многу простор, бидејќи вилата од 1.600 квадратни метри се наоѓа на недвижен имот од 1,7 хектари. Пространиот ентериер е дело на архитектот Ричард Лендри, кој е познат како крал на мегавилите, за создавање масивни проекти, како што се имотите на Силвестер Сталоне и Марк Волберг.

Примарната резиденција содржи седум спални соби, додека има и дополнителна куќа за гости за семејството и пријателите кои доаѓаат да ве посетат. Зградите се дизајнирани да го имитираат чувството и стилот на италијанските вили.

И, иако овој дом нема боксерски објекти, може да ви понуди многу простор за вежбање, вклучувајќи тениско игралиште со базен, како и терен за голф. Пред сè, мора да нагласиме дека имотот е навистина приватен и се наоѓа на крајот од долгата патека, со високи жива ограда кои обезбедуваат дополнителен слој на тишина и изолација.

Зошто познатиот боксер се збогува со својот имот? Според „Wall Street Journal“, тој и неговата сопруга сакаат да го намалат просторот за живеење затоа што живеат сами и не сакаат да ги поминуваат деновите во празна вила.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Секоја боја има посебно значење, а според психологијата на бојата, нашата омилена нијанса може да открие многу за нашиот карактер и живот. Астрологот Мишел...

Green Tea

Артичоката е една од основните состојки на медитеранската исхрана. Овие фотогенични пупки се всушност еден вид на диво трнливо растение (чичка), иако честопати ги...

Fine Living

Томи Хилфигер и неговата сопруга, дизајнерката Ди Оклепо, купија луксузна вила во Палм Бич вредна 21 милион долари. Езерската вила е изградена во 2006...

Fool Moon

Албумот ќе биде посветен на нејзиниот развод! Одлична вест за обожавателите на Адел: извор близок до пејачката соопшти дека многу скоро ќе издаде нов...

Advertisement