Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Сега можете да купите мебел од легендарниот њујоршки хотел waldorf astoria!

Хотелот Waldorf Astoria стана симбол на Менхетен и Њујорк по неговото отворање. Еден од најстарите и најграндиозните хотели во градот, ги затвори вратите во 2017 година. За среќа, станува збор за привремено затворање поради реновирање, а најавено е ново отворање за 2022 година. Ако се прашувате зошто им требаат пет години да ги реновираат, ќе ви кажеме дека Astoria има дури 47 ката и проценетото времетраење на реновирањето не е толку необично. Во ноември се одржува голема аукција, каде ќе се најдат голем дел од предметите од култниот хотел, кои сега ги бараат своите нови приватни сопственици.

На работниците им беа потребни три недели да ги изнесат сите предмети од хотелот, кои потоа ги натоварија во 88 камиони и ги чуваа во магацините во внатрешноста на државата. На аукцијата започна пред неколку дена, на 17 ноември, а ќе трае до крајот на месецов, раководена од страна на аукциската куќа Камински. Бидејќи ова е хотел кој работи повеќе години и во кој имало дури 16 претседатели, но и Мерилин Монро, Кол Портер и други, јасно е дека станува збор за еклектична мешавина на стилови со исклучителна историска вредност.

Меѓу другото, беа понудени на продажба часовник „Cartier“ од претседателскиот пакет, розова столица и османлиска од пакетот „Мерилин Монро“, италијанска конзола од пакетот „Кол Портер“ (живеел тука цели 30 години), клавир „Steinway & Sons“ од пакетот Саудиска Арабија. Покрај тоа, има и везени перници, од кои едната има мотив корги на кралицата Елизабета. Можно е дури и да се купи вратата што водела до станот на претседателот Хувер или онаа што води до станот на Лиз Тејлор. Исто така, има цела палета на огледала, теписи, маси, лустери и ламби кои датираат од 19 век, како и фотографии на познати личности направени за време на најголемата слава на Astoria.

Секој заинтересиран може лично да ги прегледа предметите во напуштениот трговски центар во Масачусетс, што се покажа како соодветна локација за изложба на мебел. Дел од приходите ќе бидат исплатени на црквата Свети Вартоломеј лоцирана преку хотелот и која е исто така симбол на градот Њујорк.

Ако не можете да го преминете океанот, нема проблем. Може да наддавате на страната на аукциската куќа. Само пријавете се на една аукција и земете дел од историјата за себе.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Ако бившиот веќе не гледа заедничка иднина со вас, тоа ќе го сфатите кога ќе се сретнете, а тој едвај ќе ве погледне, кога...

Route 66

Jeep Wrangler со текот на времето „прерасна“ во софистицирана машина и би било интересно ако Американците воведат помала теренска верзија, како што е визијата...

Fool Moon

На десетгодишнината од веридбата на Кејт Мидлтон (38) и принцот Вилијам (38), британските медиуми објавија помалку познати детали од времето кога војводата и војвотката...

Green Tea

Ако сакате вкусна супа богата со хранливи состојки и лесна за подготовка, ова е вистинскиот рецепт за вас. Сè што ќе ви треба се...

Advertisement