Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Бајковит ресторан во срцето на Виетнам

Виетнамското студио Vo Trong Nghia Architects, создаде бамбусова купола висока 16 метри за ресторанот Vedana, кој е изграден над вештачко езеро, свртен кон планините во провинцијата Нин Бин…

Ресторан Vedana е централен украс на истоименото одморалиште, сместен во националниот парк Kuk Fuong, најголемиот природен резерват во Виетнам. Бамбусовата купола, широка 18 метри и висока 16 метри, е највисоката креирана од ова студио, додека самиот ресторан е посветен на гостите од одморалиштето или организација на специјални настани.

Концентрични сламени прстени формираат скалест профил што нè поврзува со традиционалните покриви на овој регион. Иако се чини дека претставува три одделни структури, куполата е всушност едно парче, составено од 36 бамбус модули. Окулусот во својот заоблен дел создава светларник, кој ја истакнува цветната шема создадена од интересни делови од бамбус.

Во основата, која се карактеризира со колонади, ресторанот се отвора кон вештачко езеро, кое покрај својата естетска улога, доби и улога на ладење за време на топлите и влажни лета. Дождовите и водата што доаѓаат од планините се собираат во езерото, кое се користи и за наводнување на дрвја и растенија што растат околу одморалиштето.

Архитектонското студио направи и мастер план за остатокот од одморалиштето, кое содржи 135 вили, пет „кондотели“ и осум бунгалови кои се издигнуваат како соја над езерото.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Иако за многумина „никна“ преку ноќ, мостот всушност е изграден од 2017 година. Долг е 100 метри и се издига до максимална висина од...

Fool Moon

5 манипулативни тактики што ги користат нарцисоидите! Нарцисоидите се многу вешти во манипулативни игри – тие знаат како да го привлечат и задржат вниманието...

Cotton Club

Кејси Кадваладер, креативниот директор на Mugler, ја претстави колекцијата пролет-лето што е веќе достапна за купување на веб-страницата на модната куќа. Дизајнерот продолжи да...

Four Seasons

Замокот нуди прекрасен панорамски поглед на регионот, кој инаку е познат по своите добри вина. Каква среќна случајност! Castel del Monte или „ридски замок“...

Advertisement