Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Раскош од 4,9 милиони Долари: Новиот стан на Зендеја Колман

Зендеја ги спакува куферите и замина за Њујорк.

Се чини дека Зендеја ја менува адресата. Ѕвездата на Еуфорија и Спајдермен е една од новите среќни станари на Кеј Тауер, нова зграда лоцирана во Бруклин, Њујорк.

24-годишната актерка го купила својот нов стан од 190 квадратни метри за 4,9 милиони долари. Просторот вклучува три спални соби и три купатила. Покрај тоа, новата адреса нуди неверојатни погледи на Менхетен и пристаништето од секоја соба.

Во моментов, Зендеја го дели времето помеѓу Њујорк и Лос Анџелес, каде изнајмува стан за 16.000 долари месечно. Новиот дом на Зендеја има свој приватен лифт и е одличен за познати личности кои бараат поинтимно прибежиште во Њујорк.

Архитектот задолжен за проектот, Роберт Левин, изјави дека имал идеја да направи приватни лифтови откако дознал дека пејачката Мараја Кери, која има стан во оваа зграда, мора да користи лифтови наменети за товар за да избегне папараци и вниманието на јавноста.

Во галеријата погледнете го новиот стан на Зендеја:

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement