Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Различни нијанси на дрво: Дали знаете како правилно да ги комбинирате?

Домот е најважното место за секоја личност, бидејќи ни ги нуди на сите овие уникатни чувства што ниту едно друго место не може да ни ги даде.

Кога ќе дојде време за украсување, ние се водиме главно од нашите лични вкусови и преференции. Сепак, ние сме инспирирани од елегантните работи што ги гледаме околу нас, но и од трендовите сè додека ни одговараат и не претставуваат. Се разбира, за многу години, природните материјали не ја изгубија својата важност, а дизајните на ентериер – како што се јапонски и скандинавски – доаѓаат во прв план. Дрвото, каменот и керамиката се материјали што експертите за внатрешен дизајн ги сакаат и сè уште ги ставаат во куќите што ги дизајнираат. Она што најмногу се истакнува е дрвото, кое го видовме во сите негови верзии.

Продолжете да читате за да откриете како импресивната комбинација на дрвени нијанси на истиот простор може да понуди софистициран карактер за вашиот простор!

Контрастен дрвен под

Дрвениот под е идеален за минималисти и максималисти на кои им треба рамнотежа во нивниот простор. На кратко, тоа е идеален избор без оглед на вкусовите. Затоа, за да создадете совршен контраст со остатокот од мебелот и украсните предмети, треба да изберете разни дрвени тонови. На пример, можете да изберете под од темно дрво и да го комбинирате со мирни тонови – како беж тросед, маси во светло-кафеава боја и уметнички дела полни со бои кои им даваат живот на дрвените елементи. Друг начин е да изберете дрвен под во светли нијанси и да играте со контрасти низ мебелот.

„Прекршување“ на правилата за украсување

Во книгите што зборуваат за светот на ентериер дизајнот, ќе најдете трпезарија и столови како комплети во иста нијанса на дрво. Но, дали сте размислувале да не ги почитувате правилата, туку случајните околности и вашата лична „приказна“? Мебел што сте го купиле на вашите патувања, наследен од вашата баба или нешто што сте го откриле и ви се допаднале – сето ова има место во вашиот дом без страв и размислување.

Користете до 3 нијанси на дрво при избор на мебел

Вашиот простор ќе изгледа хомогено кога ќе се потпрете на предмети што ве изразуваат, без разлика дали тие ги следат правилата или не. Значи, треба да пронајдете конекција. Единствено ограничување е дека не можете да имате повеќе од три нијанси на дрво на мал простор, бидејќи тие визуелно ќе се судрат. Ве советуваме да претпочитате земјени тонови и да ги комбинирате едни со други, бидејќи не можете да погрешите на тој начин.

Избалансирајте го контрастот помеѓу дрвените тонови со украсен предмет

Ако имате дрвен под и сакате мебел во различни тонови, добар начин да се балансира интензитетот на контрастот е тепихоѕ. Ако, пак, чувствувате дека просторот е преоптоварен со бои, изберете бела боја на ѕидот и ткаенини за да го балансирате дрвото. Плус, ако ситуацијата со различни нијанси на мебел и стил е надвор од контрола, постои декоративен трик што ќе ги натера целосно да сè поврзат. Овде секако акцент ставаме на изборот на боја. На пример, можете да изберете темно сина боја, да ја поставите на софата во форма на украсни перници, на ѕидот како уметничко дело. Сето ова ќе понуди хармонија и во просторот и во нас.

Кажете им „не“ на силните лакови од дрво

Она што можеби не го знаете е дека мешање на различни нијанси на дрво постои со векови, дури и во истото парче мебел. Затоа е добро да изберете мебел без интензивен, па дури и без никаков лак, за да му дадете природен карактер на вашиот простор. Поточно, за поинтересна и полесна комбинација, изберете мебел што нема многу и интензивни слоеви на лак.

Mix & Мatch

Бидејќи нијансите на дрво спаѓаат во категоријата неутрални, релативно е лесно да се комбинираат. Покрај тоа, комбинацијата на темно дрво со светло секогаш изгледа елегантно и како намерно декоративно движење.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Секоја боја има посебно значење, а според психологијата на бојата, нашата омилена нијанса може да открие многу за нашиот карактер и живот. Астрологот Мишел...

Green Tea

Артичоката е една од основните состојки на медитеранската исхрана. Овие фотогенични пупки се всушност еден вид на диво трнливо растение (чичка), иако честопати ги...

Fine Living

Томи Хилфигер и неговата сопруга, дизајнерката Ди Оклепо, купија луксузна вила во Палм Бич вредна 21 милион долари. Езерската вила е изградена во 2006...

Fool Moon

Албумот ќе биде посветен на нејзиниот развод! Одлична вест за обожавателите на Адел: извор близок до пејачката соопшти дека многу скоро ќе издаде нов...

Advertisement