Алекс П. Вајт успеа своето име да го направи синоним за висока естетика во областа на дизајнот на ентериер.
Уникатен и фокусиран на сето она за што се залага, успева и го дава својот дизајнерски потпис на уникатните архитектонски креации. Пред неколку месеци тој реновирал прекрасна куќа во Беверли Хилс, сопственост на петчлено семејство. Куќата се состои од три ката и е одличен пример за врвен дизајн.
Фокусирајќи се на боите и градежните материјали, декораторот – по разговорот со семејството што ја купи куќата – реши да се префрли на безбедна тактика, со цел да обезбеди хармонија, апсолутна функционалност и секако модерен и во исто време безвременски резултат. Така, целото свое внимание го насочи кон минималистичката декорација и предност и даде на белата како главна боја, давајќи и модерна димензија со сиви тонови.
Со комбинирање на посебни, смели нијанси, тој создаде фантастичен баланс со неутрални тонови. Во меѓувреме, зачувана е безвременската атмосфера во поглед на архитектурата и покрај избраните „храбри“ нијанси – можеби поради класичното бело кое изгледаше како совршено платно.
Она што семејството го бараше од дизајнерот од самиот почеток е целосно модерна средина, полна со природни елементи кои стануваат „едно“ со надворешната средина.
Во целиот ентериер има природна светлина што прави просторот да изгледа навистина сонлив. Ѕидовите и мебелот добиваат уникатна форма благодарение на сончевите зраци, давајќи уникатни бои и „живот“ на секој агол. Уметничките предмети се идеален додаток и додаваат боја и живот и покрај штедењето што генерално го има главниот збор. И покрај тоа што уметноста е протагонист, а модните допири даваат боја и димензија, забележуваме дека чувството на хармонија е силно обезбедено во секој момент, каде и да погледнете.
Што се однесува до другите простории, Алекс П. Вајт се одлучи за подеднакво смели решенија. Гледаме, на пример, дека сината има водечка улога во спалните соби, а овој пат мебелот е во посветли и поладни тонови. На тој начин создаде совршени контрасти и воедно идеални баланси меѓу боите и различните стилови во декорацијата.
Куќата сега е „преплавена“ со природна светлина, испушта виталност и се истакнува со својата хармонија. Гледаме дека секој простор има своја приказна, благодарение на уникатните статуетки, осветлувањето и симболичните фигури кои го сочинуваат целиот декор.
Откријте повеќе фотографии од оваа извонредна куќа во нашата галерија!