Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Погледнете ја куќата во Лос Анџелес која ЛеБрон Џејмс ја продава за повеќе од 20 милиони долари

Леброн Џејмс продава имот во Лос Анџелес за помалку пари отколку што платил во 2015 година.

Тоа не значи дека кошаркарската ѕвезда е во финансиски проблеми или го напушта ЛА Лејкерс. Иако честопати остануваше на овој имот летото додека играше за Кливленд, како член на Лејкерс веќе некое време живее во друга куќа.

Покрај тоа, Џејмс има уште еден имот на истата улица во Брентвуд, за кој плати 23 милиони долари во 2017 година, а во октомври ја купи поранешната куќа на актерката Катарин Хепберн во Беверли Хилс, наводно за 36,8 милиони долари.

Овој имот во Брентвуд е стар 10 години, а Леброн го плати 21 милион долари пред шест години. Сега го продава за нешто помали 20,5 милиони долари.

Куќата има шест спални соби и осум бањи, базен, терен за кошарка, теретана, библиотека, мало кино, лифт и генератор на електрична енергија.

Имотот се протега на 883 квадратни метри, а познат е и по инцидентот во 2017 година кога некој на влезот насликал со спреј погрдно име за црнците.

Населбата Брентвуд е позната и по тоа што во него живееше О.Џеј. Симпсон, на само неколку блока подалеку во времето кога неговата сопруга и нејзиниот пријател беа убиени таму.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement