Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Погледнете ја вилата на Џани Версаче во Њујорк која се продава за 70 милиони долари

Едно е да поседуваш облека од брендот Версаче, а сосема друго е да живееш во неговата вила!

„Sotheby’s International Realty“ ја стави на продажба поранешната вила на Џани Версаче и сега може да биде ваша за 70 милиони долари.

Неокласичната куќа се простира на 1400 квадратни метри. Има над шест ката со лифтови, заедно со италијански мермер, мозаик и австриски паркет, пет камини, единаесет бањи, пространа тераса на покривот со видиковец и многу повеќе.

Самата дневна соба е 65 квадратни метри и доаѓа со насликан таван инспириран од Сикстинската капела и обновените сцени кои Версаче ги презел од палатата Фиренца. Другите простори вклучуваат пространа дневна соба, библиотека, канцеларија и трпезарија.

Кујната исто така одговара на луксузниот ентериер и може да се пофали со ажурирани најсовремени апарати, заедно со соседната сала за појадок што се отвора кон градина од 100 квадратни метри, опкружена со висока решеткаста ограда.

Покрај ова, вториот кат вклучува и дополнителна кујна, како додаток на медиумскиот салон во марокански стил и салон за кружни игри.

Станот на целиот кат се состои од приватна дневна соба, луксузна бања и спа со кафе бар. Вилата е опремена со напреден безбедносен систем, заедно со повеќезонско греење и ладење, музички систем Калеидоскоп и генератор кој обезбедува струја и топла вода дури и во случај на прекин на струја.

Прекрасната куќа моментално е во сопственост на шведскиот менаџер Томас Сандел (61) и неговата 46-годишна сопруга Ксимена Сендел, која ја купила вилата во 2005 година за 30 милиони долари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Four Seasons

Денес овој плоштад повторно блесна, а благодарение на граѓаните и властите кои го зачуваа неговиот историски шарм и автентичност, ја носи титулата најголем средновековен...

Green Tea

И покрај тоа што веќе е во шестата деценија, сепак изгледа многу подобро од многу девојки во триесеттите години. Никол Мичел Марфи, поранешна манекенка...

Route 66

Во текот на изминатите три години од своето основање, Little Car Company со седиште во Велика Британија се прослави со создавање прекрасни, рачно изработени...

Fool Moon

Актерката Скарлет Јохансон (37) е на одмор со пријателите и сопругот Колин Џост на јахта во Хемптонс, а во оваа прилика познатата русокоса предизвика...

Advertisement