Оваа година Божиќната тема во Белата куќа е „Америка е убава“, а Меланија Трамп вели дека оддава почит и го покажува „величието“ на Соединетите држави.
Иако ова е последен Божиќ што Меланија и Доналд Трамп ќе го поминат во Белата куќа, првата дама се потруди да го осветли нивниот престој во полн сјај и оваа година.
Оваа година доминираат црвените украси, а се чини дека украсот е дури и пораскошен и поубав од порано.
„Од крајбрежје до крајбрежје, врската што ја делат сите Американци е почитување на нашата традиција, вредности и историја, кои беа инспирација за овогодинешните украси“, истакна Меланија Трамп.
Секој агол е добро дизајниран и украсен, а првата дама даде се од себе да привлече многу внимание и да ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи и оваа година.
Погледнете како изгледа Белата куќа во галеријата.








