Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Погледнете го мистичниот бар во склоп на зграда која е поранешна њујоршка црква

Музејот на современа фотографија фотографски ја претвора црквата од 19 век во место за обожавање на уметноста.

Музејот на современа фотографија „Fotografiska“ го отвори својот бар само за членовите на заедницата. Наречен Chapel Bar, објектот е сместен во црква од 1860-тите на Парк Авенија. Зградата во неоготски стил била користена за својата намена само неколку години, а потоа била претворена во училиште за девојки. Сепак, внатрешноста, дизајнирана од архитектонската фирма Цетра Руди и студиото Роман и Вилијамс, е исполнета со референци за религиозното минато на локацијата, од високи тавани до стилизирани портрети на католички светци од серијата „Immaculée“ на Мајлс Олдриџ.

Дизајнерите комбинирале топла палета на земјени тонови надополнети со бордо акценти со меки текстури и слабо осветлување за да создадат пријатна, смирувачка атмосфера. Масивен кристален лустер над шипката ги нагласува вешто врежаните греди на зградата и цветните инсталации од Флораториумот.

Иако просторот повеќе не може да се користи за религиозни цели, тој сепак служи како место за своевидно духовно воздигнување: олтарот е заменет со импресивен бар, штандот на диџејот го замени оргулскиот дел, а поранешната исповедилница е претворена во ВИП простор за моменти на релаксација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Даф призна дека достигнала фаза во која, денес, целосно го прифаќа своето тело и не е заинтересирана никогаш повторно да живее според холивудските стандарди...

Wall Street

Дресот што го носеше аргентинската фудбалска ѕвезда Диего Марадона кога го постигна својот познат гол „Божја рака“ за време на Светското првенство во 1986...

Green Tea

Руколата е една од најблагодарните намирници што можете да ги внесете во вашето секојдневие – се одгледува во текот на целата година, лесно се...

Wall Street

Проблеми со купувањето на мрежата Твитер – Маск објави дека одлуката ја става во мирување! Илон Маск понуди 44 милијарди за купување на Твитер...

Advertisement