Дали некогаш сонувате да живеете на приватен остров со кристално чисти сини води и прекрасни плажи со златен песок?
Има шанса оваа минлива фантазија да се претвори во реалност бидејќи Little Pipe Cay ,остров лоциран на Бахамите, е на пазарот за 100 милиони долари. Сместен во архипелагот Ексума на Бахамите, рајот од 40 хектари е познат како омилено место на познати личности како Џони Деп, Тајлер Пери и Дејвид Коперфилд.

Гледањето на овој егзотичен карипски остров може да ви даде чувство на дежа ву бидејќи Little Pipe Cay е прикажан во филмови со висок профил како што се Пиратите од Карибите и Казино Ројал. Природните богатства како што се совршената тиркизна боја на морето, густата џунгла и недопрените бели плажи го прават Little Pipe Cay совршено место не само за одмор, туку и за живеење.

Главната резиденција на островот од 530 метри квадратни нуди сместување во единаесет спални соби, а просторот привлекува со високи тавани, класичен стил на декорација и големи стаклени површини од кои се гледа неверојатната природа.


Околу примарната резиденција има хелиодром и пристаниште за суперјахтите на богатите сопственици. Бројни чамци и опрема за водени спортови, како што се џет скии и кајаци, ви помагаат да уживате во овој приморски рај. Од бесконечниот базен со олимписка големина до уредените градини, приватната теретана и бањата, домот е спектакуларен и има целосен персонал за да се грижи за феноменалниот имот.

„Годините на пандемијата, заедно со политичката несигурност на глобалната сцена, ги натераа луѓето да ја ценат својата приватност и благосостојба. Привлечноста за поседување приватен остров може да се сведе на можноста да се движите со целосна слобода, да уживате во целосен мир и спокојство и целосна контрола врз значителен дел од вашата земја.Little Pipe Cay е навистина олицетворение на живеење на приватен остров“, рече Колин Лајтбурн од Engel & Volkers.