Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Орландо Блум ја продава куќата во која живеел пред веридбата со Кети Пери

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот брак со успешната поп ѕвезда, тој размислува да ја продаде.

Орландо Блум ја запроси Кети Пери во 2019 година и имале намера веднаш да се венчаат, но поради пандемијата венчавката е одложена. Парот сега живее со својата ќерка, поради што актерот ја продава својата куќа од соништата во Беверли Хилс за 8,9 милиони долари.

Изградена во луксузно одморалиште, куќата има неверојатен поглед на градот и морето. Има четири спални соби, четири бањи и балконска врата која нуди пристап до прекрасни отворени простори. Внатрешноста е одвоена од надворешноста со лизгачки стаклени ѕидови зад кои има надворешен базен и спа, како и трпезарија на отворено.

Ентериерот на луксузниот дом е во бели нијанси и поради таа причина е идеален за купувачите кои имаат многу уметнички дела. Куќата е изградена во 60-тите, но Блум ја реновирал со додавање на нов базен, трпезарија, камин и целосно ја сменил кујната.

Како излгеда луксузниот дом на познатиот ѕвезден пар подгледнете во нашата фотогалерија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Денот на вљубените е совршена можност да се препуштите на љубовта, а доколку сакате малку да ја подигнете температурата и да го направите овој...

Wall Street

Суперхероите можат да постигнат големи подвизи, вклучувајќи и милиони долари, а за тоа сведочи и продажбата на уникатната страница од стрипот Спајдермен, која неодамна...

Four Seasons

Туристите најчесто го посетуваат во август, кога се одржува Еразмус турнирот на витези и кога може да се видат спектакуларните битки на модерните витези...

Fine Living

Талентираните архитекти на студијата MAD можат да добијат инспирација од се, дури и од портокалови портални кранови! Со новиот проект тие учествуваа на меѓународниот...

Advertisement