Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

ОЗИ И ШЕРОН ОЗБОРН ГО ПРОДАВААТ СВОЈОТ ДОМ ЗА 18 МИЛИОНИ ДОЛАРИ…

Изграден во 1920-тите, овој дом е погоден за рок ѕвезди и холивудски семејства.

Откако ги поминаа последните 25 години живеејќи претежно во Лос Анџелес, Ози и Шерон Озборн се враќаат во нивната родна Велика Британија. Според самиот рокер, даноците во Калифорнија сега се „превисоки“, иако тој сè уште го сака начинот на живот во Лос Анџелес.

Не е изненадувачки што главната резиденција на парот во Лос Анџелес сега е достапна за продажба. Сместена на една од најубавите улици во паркот Хенкок, вилата во медитерански стил е изградена во 1929 година и нуди шест спални соби и 11 бањи на над 1100 квадратни метри станбена површина. Целиот тој простор, стил и историја ќе го чини купувачот 18 милиони долари.

Семејството Озборн ја купи куќата во 2015 година од филмскиот продуцент Орен Каулс, плаќајќи околу 12 милиони долари. Според извештаите од тоа време, куќата никогаш не била на пазарот, а Каулс не сакал ниту да ја продаде. Но, ветеранските риалити ѕвезди на MTV виделе фотографии од куќата во списанија и му дале понуда која едноставно не можел да ја одбие.

Орен Каулс ја купи вилата во 2010 година за „само“ 4,2 милиони долари и целосно ја реновира нејзината внатрешност, но Озборнови повторно реновираа сè, заменувајќи го минималистичкиот декор со дефинитивно декадентни и гламни детали и мебел.

Иако сегашниот оглас за продажба не го наведува името на дизајнерот на ентериер, претпоставуваме дека ентериерите се дело на саканиот Мартин Лоренс Булард, кој со години е декоратор на семејството Озборн.

Ако семејството се приближи до бараната цена од 18 милиони долари, замокот ќе се рангира како еден од најскапите куќи во Хенкок Парк некогаш продадени, втор само по имотот од 21 милион долари што неодамна го продаде Шонда Рајмс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Добро утро!” – оваа реченица не е без причина. Ако добро го започнеме денот, голема е веројатноста дека и остатокот од денот ќе биде...

Cotton Club

Во Мајами, Флорида, се одржа светската премиера на филмот „Магичен Мајк: Последниот танц“. Во тој град, познат по забавите и незаборавните ноќи, се одвива...

Wall Street

Ким Кардашијан конечно беше таа што ја направи победничката понуда за парче редок накит со дијаманти, кое беше продадено од аукциската куќа Sotheby’s на...

Route 66

Ова е најмоќниот производствен Aston Martin досега, и најбрзиот DBS досега. Достапен во Coupe и Volante форма, DBS770 Ultimate ќе се произведува во строго...

Advertisement