Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Нил Патрик Харис ја продава својата прекрасна вила во Њујорк

Нил Патрик Харис и неговиот сопруг, кулинарот Дејвид Буртка, одлучија да се разделат со нивната сакана вила во Харлем…

Двојката го купи овој дом за 3,6 милиони долари во 2013 година, но потоа потрошиле 14 месеци за да го реновираат – претворајќи го од пансион во семеен дом за да уживаат со своите деца. Сега, тие се преселуваат во источниот дел на Хемптонс, откако потрошиле 5,5 милиони долари за вила лоцирана таму, што значи дека повеќе не им треба домот во Њујорк.

Двојката соработуваше со дизајнерот на ентериер, Трејс Ленхоф и архитектонското студио Povero & Company за трансформација на овој имот, кој датира од 1908 година. Студиото освежило многу од неговите аспекти, но поголемиот дел од историскиот шарм остана недопрен: границите се оригинали, како и скалите и подовите.

Тоа е дом со четири спални соби, четири купатила и два тоалети. Ако имате поголемо семејство или често имате гости кои престојуваат кај вас, библиотеката може да ја претворите во друга спална соба.

Голема површина на отворен простор е исто така дел од оваа понуда, почнувајќи од задната градина. На третиот кат има и тераса, џакузи на отворено кој е дел од главната спална соба, како и тераса на покривот со пергола и простор за скара.

Секако, вилата доаѓа со многу погодности, како што е домашно кино кое има свој влез. Во подрумот има теретана, винарска визба и игротека за близнаците на славниот пар.

Исто така, Харис има своја приватна, тајна канцеларија, која се отвора со притискање на тајно копче, додека внатре има оригинални уметнички дела од познатиот актер.

Ако некогаш сте сакале да знаете како изгледа животот на Нил Патрик Харис надвор од камерата, ви предлагаме да ја разгледате нашата галерија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Four Seasons

Според архитектурата, би рекле дека сте во Тунис или Мароко, а всушност сте во татковината на витезите од Малта, најголемиот симбол за одбрана на...

Cotton Club

Италијанската луксузна куќа Dolce & Gabbana ја претстави својата кампања Essentials есен/зима 2021 година во која се појавува супермоделот Бјанка Балти. Рекламната кампања за...

Route 66

Ерата на Пагани Хуаира е при крај. Или можеби не? На крајот на краиштата, Pagani до неодамна сè уште ја градеше повремената Zonda за...

Fool Moon

При самото спомнување на Италија, првото нешто што ни паѓа на ум е одреден вид на кежуал гламур. Како оваа држава го доби тој...

Advertisement