Зградата на хотелот се состои од 43 ката и нуди сместување во 795 луксузни соби и апартмани со различни големини.
На крајот на 2022 година, во Дубаи се отвора спектакуларниот хотел Атлантис Ројал од 17 хектари. Тоа е место кое треба целосно да ја промени перцепцијата за луксуз во град во кој луксузот е секојдневие.
Atlantis The Royal е проект вреден 1,5 милијарди евра, а е резултат на работата на врвни дизајнери, архитекти и уметници. Комбинира нереално дизајнирано хотелско сместување со неверојатна гастрономска понуда, интересни туристички атракции и возбудлив ноќен живот.
Зградата на хотелот се состои од 43 ката и нуди сместување во 795 луксузни соби и апартмани со различни големини. Собите се украсени со стаклени површини од подот до таванот и нудат прекрасен поглед на панорамата на Дубаи и Персискиот залив.
Вљубениците во пливањето сигурно ќе го посетат спектакуларниот 90-метарски базен Cloud infinity кој се наоѓа на 22 кат од хотелот. Преку ден е идеално место за освежување од високите температури, а во текот на ноќта се претвора во совршена дестинација за вечерно излегување и танцување.
Atlantis The Royal ќе вклучи и 17 нови барови и ресторани. Овде ќе можете да ги вкусите јадењата на познатите готвачи – од Хозе Андреас, Гастон Акурио до Хестон Блументал кој ќе ја донесе својата популарна Вечера во Дубаи.
Овде ќе можете да видите необични атракции – како базен исполнет со 4.000 медузи, фонтана, но и спа Awaken, кој ќе нуди се, од традиционални холистички третмани до регенеративна медицина и велнес терапии.
Сите гости на хотелот ќе имаат неограничен пристап до најголемиот воден парк – Aquaventure.


