Иако за некои луѓе во овој момент би било доволно најобичното маалско кафуле, недалеку од плоштадот Палас, главниот плоштад во Санкт Петербург каде лесно може да се сретнете со фестивал или културен настан, има уникатно кафуле на кое му недостасува една димензија. Black and White 2D Cafe стана омилено место на Инстаграм за многу кратко време.
Благодарение на специјалниот дизајн и напорот на илустраторот, посетителите се чувствуваат како да влегле во некој вид стрип или цртан филм. Речиси е невозможно да останете седнати и да пиете кафе или чај затоа што сакате да станете и да ја допрете секоја ставка за да бидете сигурни дека е „вистинска“ или нацртана.
Коментарите на социјалните мрежи се претежно позитивни, а гостите велат дека се чувствувале како да се во осумдесеттите години кои шетаат низ спотот на бендот A-ha во песната Take On Me. Покрај разни видови кафе и чак, кафулето нуди и крофни за појадок, но најголем адут е секако самиот дизајн.
Black and White 2D Cafe не е единственото кафуле од ваков вид во светот, YND 239-20 во Сеул е исто така едно од местата што би сакале да се „нацртаме“.