Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

На височина од 140 метри: Испреплетен стаклен мост на чиј врв би се искачиле само најхрабрите

Иако за многумина „никна“ преку ноќ, мостот всушност е изграден од 2017 година. Долг е 100 метри и се издига до максимална висина од 140 метри.

Мостот Руји во долината Шенксијанју во кинеската провинција Жеџијанг стана вистински хит на социјалните мрежи. Поради карактеристичниот дизајн, многумина сметаа дека тој не е вистински – туку плод на нечии „фотошопиран“ работен труд.

Но, овој испреплетен стаклен мост со три дела е навистина реален. Покрај тоа, откако е отворен во септември 2020 година, го посетиле околу 200 000 Кинези.

Иако за многумина „никна“ преку ноќ, мостот всушност е изграден од 2017 година. Долг е 100 метри и се издига до максимална висина од 140 метри над Шенксијанју. Највисокиот дел од мостот е всушност висок лак до чиј врв водат скали.

Руји го доби своето име и форма по истоимениот свечен жезол, што е знак на моќ и среќа во кинеската култура.

Невообичаената метална конструкција на мостот Руји беше дизајнирана од Хе Јунчанг, кој го потпиша дизајнот на Националниот стадион во Пекинг, кој уште се нарекува и Птичјото гнездо. Изграден е како главен атлетски стадион за Олимписките игри во 2008 година.

Погледнете како изгледа една прошетка преку мостот Руји:

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Се надеваме дека никогаш не сте доживеале мигрена. Но, сигурно, познавате некој што ги има овие симптоми. Без разлика дали вие или некој близок,...

Fool Moon

Ријана е вистинска икона на стилот. Секој нејзин стајлинг е спектакуларен, многу необичен и за разлика од повеќето нејзини колеги од шоу-бизнисот, таа воопшто...

Fine Living

Како што знаат сите модерни дами, „animal“ дезенот беше на сцената во последните неколку сезони и очигледно не планира да се откаже од својот...

Cotton Club

Создадете уникатни контрасти со нашите совети за стил. Иако пролетта е резервирана за цветни принтови и пастелни бои, безвременската и класична црна боја има...

Advertisement