Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Најмирното место на светот: живот на карпа висока 40 метри до која не води ниту еден лифт

Столбот на животот или столбот Качи е природен варовнички монолит кој се наоѓа во истоименото село на западниот дел од Грузија, кое е распространето низ долината Качура.

Столбот е висок 40-ина метри, а на врвот се наоѓаат остатоците од црквата посветена на свети Максим, која потекнува од 9 или 10 век. Покрај неа, на врвот на карпата се наоѓаат и винарска визба и остатоци од некогашна тврдина.

Целиот простор на врвот зафаќа само 150 квадратни метри, а со оглед на тоа дека нема лифт, посетителите може да се искачат само со помош на раце, нозе и малку среќа.

Токму поради ваквата недостапност на теренот, не е изненадување што објектите на врвот долго време биле занемарени.

Првото регистрирано искачување се случило 1944 година кога планинарите Александар Јапардзе и Леван Готау на врвот го пронашле телото на претходниот жител на карпата.

Се претпоставува дека местото било наменето за тивка контемплација и молитва, наменета за аскетите што сакале да се одвојат од остатокот од светот.

Поинтензивни истражувања биле спроведени меѓу 1999 и 2009 година кога објектите биле повторно изградени со помош на Националната агенција за заштита на културното наследство на Грузија.

Во моментот еднинствениот жител на карпата има 62 години. Тоа е свештеникот Максим Кавтарадзе, кој направил импровизирани скали со помош на кои двапати недело се симнува и качува на столбот на животот. Со храна се снабдува со помош на ќерка си.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Route 66

Компанијата Hurtan го претставува екстравагантниот Grand Albaycín, базиран на сегашната Mazda MX-5. Во понудата се достапни верзии на roadster и targa (MX-5 RF) ....

Fine Living

Секој што ја сака идејата да живее во првиот град на пловечки остров, сега добива можност да си го дозволи тоа, под услов да...

Green Tea

Полн со минерали и витамини… Кога велите здрава храна, повеќето луѓе веднаш помислуваат на брокула со причина. Четири минути се доволни за подготвување на...

Fool Moon

Ова е последната позната снимка на Мерилин Монро. Создадена е на крајот на јули 1962 година, а на неа може да се види актерката...

Advertisement