Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Научниците пресметале колку вашата втора половина треба да биде помлада од вас: Ова е формулата!

Конечно е решена вечната дилема дали е подобро мажот да биде постар од жена или, што се повеќе се пропагира во денешно време, жената да биде барем неколку години постара од мажот! Научниците понудија формула според која е можно да се пресмета која би била најголемата разлика во возраста помеѓу љубовните партнери.

Формулата е многу едноставна: земете го бројот на години на еден партнер, поделете со два и додадете осум. Бројот што го добивате е минималниот број на години што треба да ги има вашата „втора половина“. Секој помлад од тоа веројатно во одреден момент ќе започне да создава несовладливи разлики помеѓу партнерите.

На оваа тема се води полемика на Твитер.

Колку е прифатлива разликата во возраста помеѓу двајца возрасни? – напиша еден твитерџија.

„Пет до седум години за еден човек да биде постар“, напишала Гога.

– Јас и мојот човек, сме разлика од 16 години. Сепак, јас сум посериозна од него, тој е со немирен детски дух. Но, ние сме заедно осум години – своето искуство го сподели друга корисничка на Твитер.

Милата Сава се обиде да биде рационална:

– Па, тоа зависи и од тоа колку години имаат. Ако таа има 18 години, глупаво е што тој има 33 години. Но, ако таа има 40 години, не е глупаво што има 55 години.

– Која црна разлика? Дали има разлики во љубовта? – напиша една Маја и ги освои симпатиите на повеќето корисници на Твитер.

И кои се вашите искуства, која е идеалната разлика во возраста помеѓу партнерите? Споделете со нас преку коментарите!

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Многу од облеките, додатоците и обувките што Меган Маркл ги вклучи во своите аутфити тогаш доживеаa вистински бум на светската сцена и се распродадоа...

Fool Moon

Веројатно многу добро знаеме кои се најголемите емотивци и кои се нарцисите меѓу хороскопските знаци. Се разбира, Ракови и Лавови. Сепак, дали знаете кој...

Fool Moon

Трговскиот град Грантам не се појавувал во вестите толку често. Маргарет Тачер е родена таму, Исак Њутн одел на училиште таму, а во 1740...

Cotton Club

Ако спаѓате во категоријата жени „plus size“, есента е одлично време да експериментирате со модата. Повеќе облека на телото значи повеќе опции за комбинирање.Ако...