Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Можеби во приколка! Мини куќа во форма на штала за одмор што нема да го заборавите

Заедно со оваа реновирана мала куќа, направена е пријатна дрвена тераса опкружена со зеленило, каде што можете да уживате во мир и тишина.

Во сенка на дабовите стебла и портокалови дрвја во малото гратче Мелбурн во американската држава Флорида, се наоѓа оваа необична куќа.

Станува збор за редизајнирана приколка со длабока црвена боја, која има форма на американска традиционална штала, и која изгледа подеднакво убаво и надвор и одвнатре.

Во внатрешноста на приколката има добро опремена кујна со голем фрижидер, шпорет и рерна, како и мијалник што овозможува подготовка на разни гастрономски изненадувања.

Тука е и мини дневната соба со софа и одделна спална соба каде што можат да спијат најмногу три лица.

Исто така постои и застаклена туш кабина, која е направена по мерка, која вклучува машина за перење и фен.

Заедно со оваа реновирана куќа, направена е пријатна дрвена тераса опкружена со зеленило, каде што можете да уживате во мир и тишина.

Куќата се изнајмува преку онлајн платформа Airbnb по цена од околу 3600 денари за една ноќ. Проверете што нуди во галеријата со фотографии.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Не мора да чекате лето за да носите плетени торби. Плетени чанти видовме во колекциите на многу брендови за сезоната пролет/лето. На пример, Dolce...

Fool Moon

Вивиен Вествуд наполни 80 години – а легендарната дизајнерка реши да го прослави роденденот на поинаков начин. Во чест на нејзиниот роденден, таа ќе...

Four Seasons

Ако не сте месојад, веруваме дека оваа листа ќе ви помогне. Но, дури и да сте месојад, не е важно, можеби овие градови ќе...

Green Tea

Целерот е познат како природен антисептик Секој природен лек е добредојден за време на пандемија, а истото важи и за сокот направен од целер,...

Advertisement