Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Куќата на Николас Кејџ во Сан Франциско изгледа како мала палата

Импресивната куќа е изградена во 1914 година за скулпторот Хејг Патиџан.

Николас Кејџ беше еден од најплатените актери во Холивуд и, како и многу холивудски ѕвезди, голем дел од парите ги вложи во недвижен имот. Актерот, кој има околу 12 куќи низ Америка и два замоци во Европа, купил прекрасна вила во Сан Франциско во 2009 година која изгледа како мала палата.

Изградена во 1914 година за ерменскиот скулптор Хејг Патиџан, историската куќа сега вреди 10 милиони долари.

Куќата е изградена во време кога населбата „Russian Hill“ (Руски Рид) се реновирала по катастрофалниот земјотрес од 1906 година. Има четири ката со прекрасен поглед на морето. На приземјето на куќата можеме да видиме отворен план на просторот, со големо фоаје и класични скали кои водат до горните катови. Ентериерот е исполнет со формалната дневна соба, трпезарија, библиотека, кујна и ходник што води до гаражата.

И покрај реновирањето, куќата се уште има прекрасни, оригинални архитектонски детали, дрвени украси и камини. На вториот кат има две спални соби со купатила кои функционираат како хостели, главна спална соба со гардеробери и големо купатило.

На третиот кат се останатите спални соби, додека во подрумот има голема семејна дневна, теретана и уште една спална соба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Даф призна дека достигнала фаза во која, денес, целосно го прифаќа своето тело и не е заинтересирана никогаш повторно да живее според холивудските стандарди...

Wall Street

Дресот што го носеше аргентинската фудбалска ѕвезда Диего Марадона кога го постигна својот познат гол „Божја рака“ за време на Светското првенство во 1986...

Green Tea

Руколата е една од најблагодарните намирници што можете да ги внесете во вашето секојдневие – се одгледува во текот на целата година, лесно се...

Wall Street

Проблеми со купувањето на мрежата Твитер – Маск објави дека одлуката ја става во мирување! Илон Маск понуди 44 милијарди за купување на Твитер...

Advertisement