Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Куќата во која живеел славниот Леонардо да Винчи може да биде ваша…

Само треба да имате доволно пари.

На неколку чекори од средновековниот центар на Болоња, во близина на Пјаца Маџоре, се наоѓа палатата Фелисини. Непосредно пред да се пресели во Франција, таму останал познатиот ренесансен сликар Леонардо да Винчи.

Палатата, која се простира на површина од 620 метри квадратни, има посебен влез, кој е пристапен од дворот, со тоа што го дели дворот со околните единици, наведува „Wantedinrome“.

Освен приземје, оваа прекрасна зграда има и кат и поткровје кои ги оставаат посетителите без зборови. Тука се наоѓаат најзабележливите дела на еден од најпознатите сликари од ренесансната ера.

Во секоја соба можете да видите комбинација на античко и модерно, бидејќи оваа зграда неодамна е реставрирана.

Палатата  Felićini вклучува четири спални соби, три бањи и уште неколку соби за прием.

Високите тавани ја карактеризираат оваа зграда, во која, меѓу другото, може да се видат фреските кои припаѓаат на доцното дело на Леонардо да Винчи, како и оригиналните дрвени греди на таванот.

Самата зграда е дизајнирана на темелите на палата од 13 век од страна на италијанскиот архитект Аристотел Фиораванти. Она што е особено интересно е фактот дека еден од првите театри во тој италијански град функционирал во дворот на оваа палата, која е вкусно украсена со елементи од теракота, до 19 век.

Последниот официјален закупец на оваа величествена палата во Болоња е поранешниот италијански фудбалер Џузепе Бепе Сињори. Според „Travelandleisure“ цената на оваа палата е 3,2 милиони евра или околу 3,5 милиони американски долари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Пејачката Лана Дел Реј беше уловена од папараците на плажа во Рио де Жанеиро, а во преден план е нејзиниот изглед кој многу се...

Green Tea

Ако сте работеле неуморно цел живот за да станете еден од најбогатите луѓе на планетата, ќе ви биде простено што сакате да забавите, да...

Cotton Club

Познатата оскаровка Џесика Честејн изгледаше одлично пред студиото на NBC во Њујорк. За снимањето на Today Show, 46-годишната актерка се одлучи за комбинација на...

Fool Moon

Познатиот холивудски актер и заводник Ал Пачино чека дете со својата девојка Нур Алфала, која е во осмиот месец од бременоста. Оскаровецот (83) и...

Advertisement