Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Колку е паметно да се признае прељуба?

Ако вашата совест ве вознемирува неподносливо и сакате да му признаете сè, еве што треба да имате предвид.

  1. Размислете за мотивот. Што ве тера да му признаете? Дали сакате само да си ја олесните совеста (лоша причина)? Дали сакате да ја поправите вашата врска (добра причина)? Или само затоа што знаете дека тие сепак ќе дознаат (исто така добра причина – подобро да ја слушнат од вас)?
  2. Размислете зошто воопшто го изневеривте. Дали тоа беше момент на слабост, нешто што воопшто не ви значеше ништо, или го сторивте тоа пијани, или беше причината вашето длабоко незадоволство од врската?
  3. Не обвинувајте го партнерот. Можеби не сте задоволни од вашата врска, но проблемите во врските не се решаваат со мамење. Измамата е нешто што сте го сториле и за кое треба да одговарате. Без оглед што доведе до тоа.
  4. Разберете што сакате. Ако сакате да ја прекинете вашата врска, прво мора да си го признаете тоа самите себе, а потоа и на него. Ако сте апсолутно сигурни дека нема спас за вашата врска, можеби е подобро да не му кажете и да ја прекинете врската на многу попријатен начин. Идејата за тишина важи и ако сепак сакате да ја продолжите врската со него и ако навистина ви е жал за она што се случило. Под услов, секако, да сте сигурни дека тој нема да дознае за измамата.
  5. Признајте го сега. Ако сте целосно сигурни дека сакате да му ја кажете вистината, подобро е да го сторите тоа што е можно поскоро, бидејќи колку подолго чекате, толку повеќе ќе го повредите.
  6. Признајте му ја целосната вистина. Ако веќе сте решиле да му признаете, не го изневерувајте и изоставувајте некои делови. Бидејќи штом ја дознае целосната вистина, ќе ви биде тешко да ја вратите неговата доверба. Кажете му сè или не му кажувајте ништо!
  7. Одговори на неговите прашања! Искрено! Без оглед на прашањата што ги има. Тоа е најмалку што заслужува.
  8. Прифатете ја неговата повреда и лутина. И не правете изговори! Вие го повредивте и тој тоа ви го покажува со причина. Соочете се со последиците од вашите сопствени постапки!
  9. Покажете му дека ви е жал и дека сте подготвени да сторите сé за да му ја вратите довербата. Ако сакате да останете со него, мора да ви биде јасно дека нема да му ја вратите довербата преку ноќ. Ако сакате тој и понатаму да биде дел од вашиот живот, покажете му ден за ден. Направете сè што е во ваша моќ да го натерате вистински да ви верува!

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Мијалникот и самостојната када создадени од Патриша Уркиола како дел од нејзината колекција Sonar за брендот Laufen добија нежно обликувана надворешност, која го имитира...

Cotton Club

Класичен волнен капут, со двојни копчиња, кој достигнува до глуждот е идеално есенско парче за студени денови, а боите се привлечни, како што е...

Green Tea

Овој „еликсир“ се зема двапати годишно, а делува со целосно подмладување на организмот. Функциите на сите клетки во телото се подобруваат. За да го...

Fool Moon

Абортусот сè уште е една од главните теми за кои се дискутира. Првенствено дали треба да биде легално или не, а во дебатата се...