Во свет каде многу работи стануваат виртуелни и постојат во една сосема поинаква реалност, можностите се навистина неограничени…
Во текот на изминатата година, целиот наш живот се пресели во виртуелното поле – сè, од деловни состаноци, училишни обврски до гледање на најблиски, се пресели во интернет универзумот, без можност за физички допир, уживање во мириси и присуство на некој или нешто . Затоа, навистина беше логично овој виртуелен универзум да добие одредени подобрувања, кои се ограничени само од имагинацијата на креаторот.
Еден од нив е аргентинскиот дизајнер, Андрес Раизингер. Успешниот уметник успеа да продаде непостоечки мебел вреден 450.000 долари. Неговата колекција содржи десет виртуелни парчиња кои беа понудени на аукција, а најскапата непостоечка ставка (предмет) достигна бројка од 67.777 долари. Невообичаен 3Д мебел е дел од колекцијата наречена The Shipping, и благодарение на популарноста на неговиот творец и неверојатниот квалитет на рендерот, сите дизајни се продаваат за помалку од десет минути.
За разлика од претходните дела на овој уметник, пет артикли од серијата The Shipping на крајот ќе бидат произведени и испратени до клиентите, додека другите парчиња се опишани како невозможни, така што тие сепак ќе постојат само во дигиталниот свет.