Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Како во бајките: Куќата на Мет Дејмон во која ќе се заљубите штом ја погледнете

Куќата од 4,2 милиони долари се наоѓа во близина на Даблин.

Мет Дејмон помина доста време во Ирска, откако со голем замав изби пандемија за време на снимањето на филмот „The Last Duel“. Таму, тој „уживаше“ во карантин со своето семејство пред да се врати во Њујорк за да го заврши снимањето.

Познатиот актер изнајми вила точно пред Даблин, која неодамна беше продадена за 4,2 милиони долари, а Дејмон ја нарече куќата „бајка“ и „едно од најубавите места каде што некогаш бил“.

Куќата првично била во сопственост на возачот на Формула 1, Еди Ирвин, и е изградена во 1993 година со главна карактеристика на авангардната дрвена облога. Куќата има пет спални соби и пет купатила, а се карактеризира со модерна естетика и декорација изработена од наградуваните архитекти Смит+Кенеди.

Камените скали на главниот влез во куќата водат до голема двојна црна врата со стакло што се отвора директно во трпезаријата со дрвени подови, голема маса за 10 луѓе и камин. Зад трпезаријата е кујна со бели модерни ормани.

Дневната соба се наоѓа на првиот кат и веднаш до каминот има просторија која се користи посебно за канцеларии со панорамски поглед на планините и морето. На приземје има игротека со маса за билијард и затворено езерце што води до базенот во дворот.

Пред да се продаде куќата, таа била достапна за изнајмување преку Airnbnb за 2.000 долари за ноќ, и секој што имал среќа да ја посети, може да сретнал соседи, вклучувајќи ги Ван Морисон, како и Боно и Еџ, од групата У2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Route 66

Ерата на Пагани Хуаира е при крај. Или можеби не? На крајот на краиштата, Pagani до неодамна сè уште ја градеше повремената Zonda за...

Fool Moon

При самото спомнување на Италија, првото нешто што ни паѓа на ум е одреден вид на кежуал гламур. Како оваа држава го доби тој...

Fine Living

Неверојатниот дом е дизајниран од познатиот архитект Золтан Пали. Имотот, кој беше домаќин на новата рекламна кампања на брендот Тифани во која беа вклучени...

Four Seasons

Ако на истото место летуваат Бијонсе, Џеј Зи, Дрејк, Кардашијан, Шакира, Вин Дизел и Шарлиз Терон, тоа место мора да има нешто посебно. Тоа...

Advertisement