Бродските контејнери се неопходен дел од меѓународната трговија и транспорт на стоки од далечни дестинации како што е Кина. Но, овие метални монументални кутии може да се користат и за домување. Или барем тоа го стори Рајан од Довер во американската сојузна држава Охајо.
Тој го преобрази бродскиот контејнер во симпатична мини куќа со зеленило, која е изолирана, далеку од другите луѓе во градот.
Куќата има спална соба и минијатурна дневна соба со софа што можат да преспијат најмногу четири лица. И покрај тесниот простор, има бања со када и туш кабина и добро опремена кујна украсена со многу еклектични винтиџ парчиња.
Пред куќата има тераса со простор за уживање во мир и тишина, скара на отворено, но и када со џакузи за тотално опуштање.
Контејнерот се изнајмува преку онлајн платформата Airbnb по цена од околу 7900 денари за ноќ. Погледнете што нуди овој простор во галеријата со фотографии.