Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Казино магнатот Стив Вин го продава својот имот во Беверли Хилс за 115 милиони долари

Милијардерот, бизнисмен и колекционер на уметнички дела Стив Вин повторно се обидува да го продаде својот имот во Беверли Хилс за 115 милиони долари.

Имотот од 3 хектари е на пазарот од март 2020 година, кога на „тајниот пазар“ е понуден за 135 милиони долари. Но, почетокот од оваа година е пуштен на јавниот пазар за 110 милиони долари преку компанијата Hilton & Hiland, а само пет месеци подоцна, во мај, цената е покачена на 125 милиони долари, покажуваат записите.

Што се однесува до цените, Стив Вин верува дека во моментов ова е пазарната вредност на овој трофеен имот. Вин (79) го купи имотот на Беверли Хилс преку компанија со ограничена одговорност за 47,85 милиони долари во 2015 година, според податоците за имотот.

Имотот изгледа како едно од неговите одморалишта. Удобности во стилот на одморалиште вклучуваат базен и надворешна кујна, тениско игралиште со тениска куќа, винска соба, најсовремено кино, комплетно опремена теретана и соба за масажа.

Имотот нуди 2700 квадратни метри простор за живеење. Главната резиденција содржи влезна сала со двојна висина, трпезарија, работна соба, семејна соба со бар, стан со друга работна соба и голема дневна соба, која, наводно, е една од најголемите дневни соби во Лос Анџелес.

Исто така има и куќа за гости со комплетно опремена кујна и три спални соби со кујна за персоналот.

Господинот Вин, влијателна личност во хотелската индустрија и колекционер на големи дела на Пабло Пикасо и Клод Моне, не ја коментираше продажбата. Тој поднесе оставка како извршен директор на Winn Resorts на почетокот на 2018 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement