Географски, Дубаи се наоѓа директно во арапската пустина, но ако погледнеме што создадоа луѓето таму, тешко е да се поверува…
Дубаи ја има најголемата фонтана во светот, нивното езеро во форма на цвеќе за настанот Експо 2020 го маѓепса целиот свет, додека мега-одморот вреден 5 милијарди долари, сместен на шест тематски острови, полека станува дел од нашата реалност. Оваа дестинација наскоро ќе стане позната по својот волшебен, нов пловечки хотел, кој ќе го носи името Sea Palace Floating resort, и ќе го најде своето место во марината на Дубаи.
Овој раскошен дел од Дубаи е познат по многуте декадентни удобности, како што е плажата кај ЈБР – лежерен комплекс со ал-фреско-ресторани и песочни плажи. Наскоро, сосема нов хотел со пет sвезди, што всушност е делумно хотел, а делумно брод, ќе плови покрај брегот на Дубаи Марина. Одморалиштето Sea Palace се состои од централен хотел, со шест плутачки вили што го опкружуваат, и мора да признаеме дека тоа е вистинско чудо, дури и според стандардите на Дубаи. Бродоградилиштето од Емиратите, Seagate, претстави една прекрасна структура што ќе биде дел од оваа приказна – Нептун, која може да се купи по цена од 20 милиони долари.
Мора да потенцираме дека движењето помеѓу овие вили е потполно безбедно, како и дека гостите на хотелот ќе можат да уживаат во неверојатниот поглед на крајбрежјето. Еколошката вила ќе има сончева енергија, со можност за самостерилизирање на филтрација на воздухот. Вилата ќе биде со димензии 900 квадратни метри и ќе има две нивоа, голем број балкони, надворешен базен, четири спални соби, кујна и дневна соба. Многумина кои успеаја да откријат повеќе детали, велат дека вилите се олицетворение на вистински луксуз со бројни придобивки. Кога сакате, вашата плутачка вила може лесно да се трансформира во вистински брод и да ве одведе каде сакате.
Исто така, мора да нагласиме дека нивните ентериери го носат потписот на студиото Aston Martin и се совршено компатибилни со сите меѓународни безбедносни стандарди. Убава како хотелот, овие вили навистина ќе ги израдуваат своите нови сопственици.