Водечката компанија за фитнес опрема Техноџим и француската луксузна модна куќа Диор претставија модерна линија на производи за вежбање со цел да инспирираат фит и – можеме да додадеме – модерен начин на живот.
За да го прослави „Диор Вајб“, линијата спортска облека на Диор претставена како дел од колекцијата „Dior 2022 Cruise“ во Атина, Марија Грација Кири се здружи со брендот Техноџим за да создаде премиум репертоар на луксузна опрема за вежбање.
Во текот на минатата година за време на пандемијата, интегрирањето на спортските сали во нашите домови стана попопуларно од кога било, па затоа оваа соработка не можеше да дојде во подобро време.
Како еден од водечките светски експерти за врвна спортска опрема и дигитални технологии, Техноџим за прв пат соработува со луксузна модна куќа за естетски да ги подобри своите иновативни дизајни.
Колекцијата со ограничено издание – која ќе биде лансирана во јануари – содржи најсовремена лента за трчање, мултифункционална клупа (вклучувајќи додатоци како што се тегови) и топка за вежбање, која им помага на корисниците да стекнат флексибилност и рамнотежа.
Овие парчиња Техноџим (Technogym) беа редизајнирани од Диор и креирани во бел дизајн со ѕвездата на Диор, амајлијата на основачот на легендарната модна куќа. Свое место на опремата најде и името „Christian Dior“, со пет хоризонтални ленти во контрастни нијанси, кои се потписот на куќата.