Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Едноставна Дефиниција за декаденција – Villa Firenze

Западниот брег на САД е исполнет со обемни вили, но исто така е близу до најекстравагантните домови што можеме да ги сретнеме…

Со почетна продажна цена од 165 милиони долари, Villa Firenze го најде својот нов сопственик на неверојатна, рекордна бројка на аукцијата одржана на почетокот на февруари. Дигиталниот настан привлече повеќе од 30.000 љубопитни луѓе и околу 1.800 заинтересирани купувачи, а како што дознаваме, вилата претходно била во сопственост на милијардерот Стивен Удвар-Хази.

Со повеќе од 2.660 квадратни метри простор за живеење, Villa Firenze се наоѓа на имот со површина од над три хектари во срцето на паркот Беверли, каде што своите гнезда имаат многу познати личности, како Силвестер Сталоне и Еди Марфи.

Создадена како комбинација на медитерански и италијански стил, вилата е создадена како дело на Вилијам Хаблински, кој и го даде својот уникатен, дури можеме да кажеме и егзотичен стил. Масивната порта и дворот, со дури триесет места за паркирање, се нагласени од неколку палми и голема фонтана, што само ја нагласува величественоста на предната фасада на оваа вила.

Покрај тоа, Villa Firenze има тринаесет спални, седумнаесет бањи, неколку камини, просторија посветена на видео игри и многу повеќе, додека нејзините подови се претежно изработени од мермер. Изградени се пет помали куќи во близина на вилата, а секоја од нив има по две спални соби, бар, дневна соба, кујна и гаража за четири возила.

Покрај главната вила и пет куќи, тука можеме да видиме и патека за џогирање, теретана, базен, работилница, прекрасна градина, терени за тенис и кошарка и фантастични тревници. Цената по која е купена вилата засега е обвиткана во тајност, но сигурни сме дека наскоро ќе го види светлото на денот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Потекнува од древна Кина! Комбуха е пијалок кој настанал пред 2.000 години во Кина, каде се сметал за еликсир на бесмртност и живот. Овој...

Fool Moon

Дали вашата сродна душа сонува за вас – ова се знаците на кои треба да обрнете внимание! Дали сте се сретнале со сродната душа...

Fine Living

Закотвен во бетонскиот океан Хонг Конг, трговскиот центар Whampoa има невообичаена глетка што го рефлектира поморското наследство на градот, но исто така овозможува и...

Four Seasons

Маурициус има една необична коинциденција, а тоа е дека една од неговите најпознати туристички атракции е прилично слична на нејзиното знаме. Имено, знамето на...

Advertisement