Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Дали е ова приватна палата на Путин?

Со години во Русија кружат гласини за огромна палата, каде со својата величенственост може да биде вистински ривал на големите кралски резиденции…

Наводно, оваа резиденција е изградена за претседателот на Русија, Владимир Путин, во јужниот дел на земјата. Долго време, ниту една слика од оваа зграда не беше достапна за јавноста, а сега, за прв пат, имаме можност да видиме како всушност изгледа. Сместено е во близина на Прасковек во Краснодар.

Фотографиите што се појавија се направени од воздух, а се дело на руски опозициски активисти, кои сакаа да ја покажат обемноста на овој комплекс од неколку илјади квадратни метри, на имот од 67 хектари, со поглед на Црното Море, прекрасни градини, паркови , фонтани, базени, хелиодроми, спортски терени и мал комплекс наменет за вработените кои го одржуваат целиот имот.

Активистите тврдат дека, иако овој имот е регистриран како хотел во развој во јавните архиви, постојаното присуство на чувар од руските безбедносни служби, како и сомнителни траги од разни документи поврзани со овој имот, го откриваат вистинскиот сопственик.

Во 2010 година, Сергеј Колешников, бизнисмен и поранешен соработник на Путин, објави отворено писмо до тогашниот руски претседател Дмитриј Медведев, во кое тврди дека палатата за која зборувавме е изградена со употреба на пари од државни фондови, како и средства кои доаѓаат од разни „off-shore“ банкарски сметки.

Наводните фотографии од оваа палата за време на нејзината изградба за првпат се појавија на руската верзија на страницата Викиликс пред шест години. Сега, фотографите кои ја искористија можноста да ја фотографираат, не запознаа и со нејзиниот класичен, луксузен ентериер, со позлатен декор и насликани тавани. Колесников ја опишува оваа вила како модерна верзија на вилата на царот Петар Велики, а нејзината проценета вредност е повеќе од милијарда долари.

Сепак, не сме сигурни дали треба да се верува дека оваа вила е навистина во сопственост на Путин или ова е само уште еден во низата обиди на опозицијата да го наруши неговиот кредибилитет. Од Московскиот Кремљ официјалните лица постојано ги негираат гласините дека оваа вила е изградена за сегашниот претседател, кој беше скоро на списокот на десетте најомилени луѓе во целиот свет.

Што мислите вие?

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Легендарниот британски бенд „Квин“ реши да ги изненади своите фанови на необичен начин. Гитаристот Брајан Меј и тапанарот Роџер Тејлор најавија издавање на играта...

Cotton Club

Модата се заснова на инспирација, што дизајнерите ја наоѓаат во сосема неочекувани работи… Многумина се свртуваат кон природата, некои кон архивите на брендот за...

Fine Living

Познатиот рапер, Џеј Зи, го прослави својот педесетти роденден со презентирање на едно буре коњак D’Usse 1969 Anniversaire Cognac во вредност од 5000 долари…...

Fool Moon

„Може да сакаш некого засекогаш, но тоа не значи дека ќе бидеш во брак вечно“, вели Лора Васер, адвокат за развод на славни личности,...

Advertisement