Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Гламур во срцето на Мадрид – Mandarin Oriental Ritz

По најамбициозниот и најобемен проект за реновирање развиен во неговата 110-годишна историја, хотелот Mandarin Oriental Ritz во Мадрид ќе биде подготвен да ги пречека своите гости следната пролет, со отворање закажано за 15 март 2021 година.

За време на тригодишното реновирање, шпанскиот архитект Рафаел де Ла-Хоз и француското студио за дизајн Gilles & Boissier тесно соработуваа за да претстават спектакуларен нов дизајн и палета на нови карактеристики дизајнирани да обезбедат уникатно искуство и привлечност и за домашните и за странските гости, притоа зачувувајќи ги препознатливиот карактер на Belle Époque на постојната зграда и одржување на оригиналниот дух создаден од Цезар Рико.

Mandarin Oriental Ritz ќе продолжи да го рефлектира значајното културно и социјално наследство на Мадрид, што хотелот отсекогаш го одржувал во шпанската престолнина, во соработка со локални уметници, творци, занаетчии и интердисциплинарни брендови. Нивните креации имаат централна улога во низата партнерства што ќе бидат јавно презентирани за прв пат во наредните месеци и се специјално развиени за да го издвојат реновираниот хотел како независна дестинација.

По отворањето, хотелот ќе им обезбеди на гостите 153 луксузни сместувачки капацитети, вклучувајќи 53 апартмани. Ќе има и пет ресторани, со барови, специјално дизајнирани, развиени и имплементирани во соработка со славниот шпански готвач, Кико Дакоста. Историската зграда на Палмскиот двор и нејзината стаклена купола се обновени по осумдесет години и ќе биде изложена, специјална колекција на уметнички дела, инспирирани од силната врска помеѓу овој хотел и прекрасниот град.

Новите хотелски простории за одмор и велнес вклучуваат затворен загреан базен, спа единици, тушеви за релаксација, парна бања и најсовремен фитнес центар. Салата за бал и други функционални простори, со своите големи прозорци свртени кон Музејот Прадо, се прекрасно обновени и редизајнирани за да се обезбеди хотелот уште еднаш да стане главна дестинација за свадби, приватни вечери и забави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Доколку сакате да бидете во топ форма, покрај балансираната исхрана, исто така овие пијалоци можат да ви помогнат… Ако се обидувате да изгубите тежина,...

Fine Living

Во свет каде многу работи стануваат виртуелни и постојат во една сосема поинаква реалност, можностите се навистина неограничени… Во текот на изминатата година, целиот...

Fool Moon

Што ве чека ако сте ја напуштиле палатата? Spoiler: прекрасен и мирен живот. Принцот Хари даде искрено интервју за неговиот пријател Џејмс Корден во...

Green Tea

Железото е еден од најважните елементи во трагови во нашето тело. Според статистичките податоци, недостаток на железо во организмот се забележува кај 30-40% од...

Advertisement