Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

ВО ВНАТРЕШНОСТАТА НА РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ДЕМИ ЛОВАТО во Лос Анџелес…

Деми Ловато е една од највлијателните пејачки во последните години, постигнувајќи еден по друг хит и реди успеси.

По многу разочарувачкиот документарен филм „Demi Lovato: Dance with the Devil“ во кој признава непријатни ситуации од нејзиното мрачно минато, саканата ѕвезда се враќа во музичката индустрија со новата песна „Substance“, која ќе ја слушаме без престан во наредниот период.

Отворајќи ново поглавје во нејзиниот живот, Деми Ловато реши да купи нова куќа во Лос Анџелес. Со шест спални соби и седум бањи на 850 квадратни метри, овој современ дом го обезбеди празното платно за кое Ловато отсекогаш сонувала. Друг бонус беше театарската соба и секако базенот во дворот.

„Сакам да бидам на отворено. Исто така,ми се допадна што има сè што ми требаше – имаше многу куќи кои беа убави, но немаше друга куќа што би можела да ја има глам соба и просторот за моето студио.

Исто така, атмосферата беше многу убава, а јас се заљубив во неа веднаш штом ја видов“, изјави Ловато.

Навлегувајќи во внатрешноста на куќата, гледаме дека смелите тонови играат водечка улога во речиси секоја соба.

Поточно, црните и светлите нијанси на кафена боја заземаат огромен дел од сите простори, но тоа не значи дека конечниот резултат изгледа темно.

Напротив, овие темни нијанси им даваат на ентериерите изненадувачки карактер и повеќедимензионално чувство кое маѓепсува.

Покрај темните бои, секако, има многу детали во неонските бои и металните додатоци кои го прават резултатот уште помодерен.

Гледаме дека еклектичниот дизајн е доловен на најдобар можен начин низ очите на Ловато, која ги дизајнираше собите една по една со толку елегантна префинетост што навистина се восхитувачки. Како што можеме да видиме, тапетите го заземаат своето место каде и да погледнете, обезбедувајќи уште помодерен карактер и димензија од агол до агол. Покрај тоа, жолтиот тросед во дневната соба е една од ѕвездите на ентериерот.

Деми посвети многу внимание на декорацијата на надворешноста. Покрај базенот, има и многу убави места за одмор.

Нејзината омилена карактеристика во дворот е кино екранот што се преклопува за да може да гледа филмови надвор каде и да сака. „Можете да ги гледате од вашиот кревет, од џакузи или во базен, и навистина е кул“, додава таа.

Деми има миленичиња Јорки за кои се грижи на најдобар можен начин. Тие сега исто така го живеат својот најдобар живот во салон за кутриња со пет ѕвездички. „Сè е целосно оградено, па можат да излезат таму кога сакаат и да се чувствуваат потполно безбедно“, додава Деми.

Сега, познатата пејачка секојдневно ужива во ова ултра луксузно опкружување кое го сочинуваат сите оние елементи кои ја тераат да размислува оптимистички, да ги планира следните чекори и да се релаксира со најблиските.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Route 66

Ferrari го започна развојот на моделот Purosangue во 2017 година и официјално ја потврди веста за производството на својот прв SUV една година подоцна....

Fool Moon

Најстариот син на Николас Кејџ изгледа сосема поинаку од неговиот славен татко, но се чини дека имаат заедничка слабост кон жените… Вестон Кејџ Копола...

Cotton Club

Кајли Џенер (25) деновиве е во Париз и ревносно ја следи Модната недела, но модните трендови ги диктира само она. Кајли Џенер на модната...

Fool Moon

Познатата двојка неодамна се раздели, а сега за прв пат беа фотографирани заедно на натпревар кој го играше нивниот син.Познатата пејачка Шакира и нејзиниот...

Advertisement