Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Вила од 15 милиони долари со неверојатни погодности

Ако сте од оние луѓе кои констатно се грижат за својот автомобил да блесне како нов, ви ја претставуваме вистинската вила за вас…

Еден имот во Минесота доаѓа со сопствена перална за автомобили! Сместена на заливот Св. Албан покрај езерото Минетонка, оваа вила има четири ката и речиси 1.400 квадратни метри простор. Првично, купена од претприемачот Џефри Вирт, а неколку години подоцна оваа вила е во сопственост на извршниот директор на Kaskaid Hospitality, Кам Талебија, по цена од 1,88 милиони долари.

Луксузниот дом располага со домашно кино со 12 седишта, две вински соби, совршено опремена теретана, спа центар со просторија за релаксација и сауна. За да стигнете до овој дел, треба да поминете низ подземен тунел, во кој се наоѓа претходно споменатата авто перална, додека на крајот од патеката ќе најдете паркинг за осум автомобили. Вилата има и куполна куќа покрај базен со загреана вода, до која може да се стигне и со подземен тунел.

Во моментов, вилата може да се купи по цена од 15 милиони долари, додека постои глобален интерес за неа. Дали би сакале да живеете во неа?

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Секоја боја има посебно значење, а според психологијата на бојата, нашата омилена нијанса може да открие многу за нашиот карактер и живот. Астрологот Мишел...

Green Tea

Артичоката е една од основните состојки на медитеранската исхрана. Овие фотогенични пупки се всушност еден вид на диво трнливо растение (чичка), иако честопати ги...

Fine Living

Томи Хилфигер и неговата сопруга, дизајнерката Ди Оклепо, купија луксузна вила во Палм Бич вредна 21 милион долари. Езерската вила е изградена во 2006...

Fool Moon

Албумот ќе биде посветен на нејзиниот развод! Одлична вест за обожавателите на Адел: извор близок до пејачката соопшти дека многу скоро ќе издаде нов...

Advertisement