Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Вила во Лос Анџелес што сите би ја посакале

Сосема сме сигурни дека во текот на 2020 година чувствувавте недостаток на слобода, доколку вашиот дом нема сопствен двор или голема тераса во која може да се ужива…

Веројатно тогаш сте сонувале да купите нов имот, кој ќе ви понуди неколку хектари вишок и можеме да ви кажеме дека токму сега е вистинското време за инвестирање. Доколку сте подготвени да потрошите повеќе од 50 милиони долари и да се преселите во Лос Анџелес, поточно во неговиот престижен дел од Holmbi Hils, ние ја имаме совршена вила за вас.

Оваа оаза од 58 милиони долари има приказна која се враќа далеку – таа првично е изградена во 1938 година. Се разбира, имотот беше реновиран од Оскар Шамамијан од студиото Ferguson & Shamamian Architects, специјализирани за историски резиденции, и како резултат беше создадена оаза на винтиџ магија и внатрешни детали што претставуваат баланс помеѓу старото и новото.

Главната резиденција на имотот располага со пространа просторија за прием со прекрасни sидови со панели од костен, додека зад таписеријата се крие телевизор со голем екран. Со само едно притиснување на копче, ткаенината ќе се помести, за да уживате во гледањето на целата омилена содржина. Оваа просторија, и практично сите други, гледаат кон спектакуларно украсениот имот.

Заедно со две куќи за гости, главната вила зафаќа површина од два хектари, што е неверојатна погодност на пазарот во Лос Анџелес. Павилјонот на базенот е обемен како луксузните апартмани во Њујорк, со димензии дури 250 квадратни метри и крие теретана, простор за забава и кујна.

Тениското игралиште во близина е многу дискретно дизајнирано. Пејзажниот архитект Ненси Госли Пауер ги дизајнирала отворените простори, кои даваат чувство на индивидуални вињети и оази – тука е прекрасното смирувачко езеро Кои, како и голема ложа за јадење и уживање во вашите омилени пијалоци.

Главната вила нема една, туку две главни спални соби, кои нудат неверојатен поглед, додека двете куќи за гости ја комплетираат резиденцијата со четири соби. За на кра,ј ви предлагаме удобно да се сместите и да ја разгледате нашата галерија:

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Глобалниот тренд на фототерапија се појави пред неколку години. Селфито со футуристички маски кои испуштаат црвено, сино или зелено светло беа објавени од главните...

Cotton Club

Ниту една жена не може да одолее на овој моден додаток! „Headband“ венчиња како оние што ги прослави Блер во серијата „Gossip Girl“ се враќаат на модната сцена....

Fool Moon

Извори блиски до кралското семејство се надеваат дека тагата што ја чувствуваат принцовите Хари и Вилијам поради заминувањето на нивниот дедо ќе придонесе за...

Fine Living

Бела Хадид, една од најуспешните модели на нејзината генерација, со лице кое е изразено и уникатно, бара нов дом во Њујорк… Како една од...

Advertisement