Беспрекорна викендица во Колорадо штотуку е пуштена на пазарот за 9 милиони долари…
Со оглед на тоа што ви нуди ова место за бегство од секојдневието и реалноста, можеме да кажеме дека цената е навистина ниска.

Секој прозорец од оваа вила нуди идеален поглед на Карпестите планини, а се наоѓа на 375 хектари и има околу 1.200 м2 простор за живеење, поделен на пет спални соби и седум бањи.

Дизајниран е од архитектката Кети Скот, а изградбата ја направи компанијата Pioneer Log Homes од Британска Колумбија. Вниманието на деталите во дизајнот и изградбата на оваа викендица е едноставно беспрекорно.

Сите дрвени површини во внатрешноста се дизајнирани и креирани од личната компанија на сопственикот, Genesis Innovations.

Исклучително уредени и рачно изработени кујнски елементи, како и рачно изработени подови се дел од погодностите кои ве очекуваат во оваа викендица.

Прекрасните врежани парчиња кои можат да се видат расфрлани низ просторот се создадени специјално за овој дом од уметникот Пол Старк.

Овој дом е исполнет со уникатно осветлување направено од уметникот Питер Филерап, со камени срца направени од идеални камења. Сето ова придонесува за топлината и гостопримството на овој дом.

Повеќекратните простори за забава за гости вклучуваат сопствено домашно кино, винарска визба украсена со мурали од Андре Мартинез и неверојатен бар, исто така, украсен со мурал во семејната соба.

Во рамките на оваа викендичка има гаражи за четири автомобили, лифт, аудио систем во сите соби и во надворешноста, идеални Lutron системи за осветлување кои му даваат можност на сопственикот да ужива во прилагодена атмосфера. Што се однесува до дневната соба на отворено, таа е на загреана платформа и има работен камин што може да се користи во текот на целата година.

Како дел од овој имот има и куќа за гости со три спални соби, работилница и пространа сала за бал, комплет со кујна. Има и штали за коњи, опремени со најдобрите елементи.

Со своите неверојатни погледи, приватни езера, уникатни уметнички дела, камини и уникатни резби, овој имот ќе ве пренесе до место каде што соништата се остваруваат.